Шокантно: Видеото од прскањето против комарци го режирал Стенли Кјубрик?

10.08.2018 20:34
Шокантно: Видеото од прскањето против комарци го режирал Стенли Кјубрик?

(Скопје, 10 август 2018) Славен истражувач и теоретичар на заговори кој сакаше да остане анонимен за Пара вести ексклузивно открива дека видео снимката од прскањето против комарци во Скопје всушност ја режирал Стенли Кјубрик во 1985 година, а прскањето никогаш не се случило.

Конспирологот го темели своето тврдење врз обемни истражувања по интернет портали и форуми, а извел и неколку експерименти покрај на кејот на реката Вардар во Скопје, во Градскиот парк и на уште неколку скопски локации.

Со помош на агенцијата за истражување на јавното мислење „Двапати мери“, Пара вести утврди дека повеќето граѓани не веруваат во оваа теорија, но не веруваат ниту во тврдењето на Град Скопје дека навистина е изведено прскањето против комарци.

Новинарите од нашата редакција се обидоа да земат изјава и од неколку комарци, но без успех, зашто тие се однесувале агресивно и ги искасале.

Конспирологот кој стапи во контакт со Пара вести најави дека наскоро ќе објави нови шокантни сознанија и порача граѓаните внимателно да ги прегледаат филмовите на Кјубрик, снимката од слетувањето на месечината и видеото од прскањето против комарци во Скопје, по што лесно ќе воочат дека станува збор за ист режисерски ракопис. 

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото