Село во Гамбија трансформирано од графити

13.08.2018 00:27
Село во Гамбија трансформирано од графити

Во обид да се привлечат туристи, светски познати графити-уметници биле поканети во село во Гамбија да создаваат уметнички дела.

Белгискиот графити-артист РОА е познат по сликањето огромни мурали од животни на висококатниците во големите градови како Лондон, Берлин и Мексико Сити. Но во селото Галоја, во централната провинција Комбо во Гамбија, димензиите на неговите дела се помали.

Слика животни кои се препознатливи за местото, како меркат мунгос и панголин. Но, тоа е скоро сè што е познато за него. Човекот кој го повикал во Гамбија, Лоренс Вилијамс, го знае едноставно како Питер.

Сè започнало кога Вилијамс, сопственик на мал станбен објект, се сретнал со познатиот уметник од Гамбија Нџогу Туре на организиран настан за туристичката индустрија. Вилијамс, кој е британски државјанин, барал начин да се поврзе со заедницата околу неговиот објект и да примами туристи кои најчесто одат на бреговите на земјата.

Тие двајца направиле уметнички колектив наречен „Bush Dwellers“. Меѓу нивните уметнички дела бил и графит инспириран од Бенкси, кој прикажува девојки од селото Мукумбаја.

Иако Вилијамс посетувал уметничко училиште, тој објаснува дека немал никакви контакти со светот на уличната уметност. Испратил мејл до графити-уметникот Елус (Eelus), познат по неговите дела насликани во различни нијанси на сива боја.

„Елус донесе големи имиња во светот на уличната уметност, што отвори многу можности“, вели Вилијамс.

Проектот почнал да носи графити-уметници од целиот свет во малечките села, некогаш и два пати во годината. Селаните имале можност да се вклучат во уметничките дела. Американскиот артист Ендрју Брајтенберг вели дека по дискусија со еден од постарите жители било одлучено врз еден од графитите да стои текстот кое го предложил селанецот – „Работам внимателно за да го отворам срцето“.

За дел од уметниците, како Американецот Адам Јекутиели, кој живее во Израел и е препознатлив по псевдонимот „Know Hope“, тоа било негова прва посета на африканска држава.

„Цртаме по куќите на луѓето, што е голема разлика од ѕид во сопственост на трговски центар или банка“, изјавил уметникот.

Неговите дела обично се појавувале преку ноќ во големите градови, низ елемент на изненадување кое го нема во Галоја. Селаните знаеле што црта од самиот почеток на неговата работа. Некои дури и ја набљудувале неговата работа, буквално гледајќи како бојата се суши. Неговите дела на ликови кои се поврзани со рацете, се инспирирани од селскиот бунар, кој го видел како собирно место за целата заедница.

Сепак разликите меѓу графитите во големите градови и оние во селата како Галоја е во долготрајноста на делата. Селаните објаснуваат дека цртежите се бришат поради тоа што многу од домовите се направени од кал, кој во периодите на дожд се распаѓа.

„Сметам дека има нешто метафорично прекрасно во тоа. Искрена природна трансформација“, вели Јекутиели.

Ова не е првата работа која им паѓа на ум на оние кои ги губат своите домови. Вилијамс го увидел овој проблем и почнал да им дава цемент на селаните. Во 2016-та година, селаните му дале површина на Вилијамс да изгради градинка.

Многу од селаните се жалат и на тоа што ветувањето за градинка сè уште не се исполнило.

„Постои заеднички фонд кој е формиран, има пари во банка кои само стојат таму“, вели Вилијамс, кој пред една година ја напуштил Гамбија, но планира да започне да ја гради градинката во ноември, но без ветување кога ќе биде готова.

Извор: BBC

 

Слични содржини

Јавни простори / Свет / Уметност
Европа / Балкан / Свет
Општество / Свет / Историја
Активизам / Јавни простори / Свет / Теорија

ОкоБоли главаВицФото