Во слава на нивниот развод

13.08.2018 09:08

Кога слушнав за разводот на своите пријатели,
не можев да не се гордеам со нив,

мажот и жената кои тргнаа во различни насоки,
како аџиите од пословицата

‒ тој да си купи личен тостер,
таа по рецепт за пилули за спиење.

Да не ги заборавиме ни скриените сили
кои со години неуморно се мачеле

да избијат на површина ‒ и најпосле успеале
да ја расцепат кората, да ги раздвојат тектонските плочи,

да ја ослободат скриената енергија потребна
секој од нив да изнајми сопствен стан,

таа да се зачлени во софтбол лигата за самохрани мајки,
тој да му ја чита Жирафата Џорџ преку спикерфон

на своето шестгодишно дете пред спиење.

Библијата вели: Плодете се и множете се

но зарем не се исто толку плодни и одземањето и делењето?
Оти ако е бракот еден вид матка,

разводот е повторно раѓање;
алиментацијата е плацентата која едниот од нив ќе ја изеде;

осаменост, така се вика доилката;
каењето е основно училиште;

издржливоста е дипломирање.
И затоа не зборувајте дека се сплескале како паднати лазањи

или дека загинале во директниот судар на клишеата
или дека се распнати на крстот на своите надмудрувања.

Што е разделено не е и сосема разрушено.
Тоа е налик на големо мистериозно јајце во Канзас

koeшто распукало и од кого излегле две збунети птици.
Тоа се два вселенски брода, повторно активирани,

кои се оддалечуваат од својо мртов свет,
додека потисната ракета на разводот
                                         отпаѓа зад нив,

а набљудувачите со прст покажуваат кон небото и велат: Види.

Превод: П. В.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото