Зад фасадите

14.08.2018 14:42
Зад фасадите

Дејвид Голдблат (David Goldblatt, 1930-2018) е роден во 1930 година, во Рандфонтејн, Јужна Африка. Од раните 1960-ти години, Голдблат ги фотографирал луѓето, пејзажите и архитектонските структури, користејќи ја фотографијата како средство за општествена критика. Документирајќи ја Јужна Африка за време на апартхејдот, неговите моќни монохроматски фотографии на Голдблат ја откриваат големата разлика помеѓу животите на црнците и белците, како и начините на кои јавните структури ја манифестираат сликата на граѓаните, и тоа како тие сакаат да бидат видени и доживеани.

Голдблат живеел и работел во Јоханесбург, каде што и почина во јуни 2018 година. 

Снимен додека фотографира една зграда во областа Сендтон во Јоханесбург, уметникот укажува на расистичките конфликти како фактор што влијае во обликувањето на пејзажот на градот. „Во оваа земја, поради соголеноста на борбите што се случија помеѓу црнците и белците“, според Голдблат, „структурите што се подигнуваа беа неверојатно јасни демонстрации на вредносните системи“.

Погледнете го краток преглед на претстојната епизода насловена „Јоханесбург“ од 9-тата сезона на телевизиската серија „Уметноста во дваесет и првиот век“ (Art in the Twenty-First Century).

Извор: Art21

 

Слични содржини

Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Око

ОкоБоли главаВицФото