Хит меѓу туристите: банкнота од нула евра со ликот на Карл Маркс

14.08.2018 16:32
Хит меѓу туристите: банкнота од нула евра со ликот на Карл Маркс

Германскиот град Трир, родното место на Карл Маркс, отпечатил банкнота во износ од нула евра со неговиот лик за обележување на 200-годишнината од раѓањето, која стана огромен хит меѓу туристите.

Цената на овој сувенир, за кој никој не очекуваше да достигне таква популарност, изнесува три евра, а досега колекционери и туристи купиле повеќе од 100.000 банкноти со ликот на Маркс.

За помалку од еден месец биле продадени 5.000 банкноти што биле печатени по повод раѓањето на Маркс на 5 мај, велат во локалната туристичка организација на градот.

Дојче веле оценува дека веројатно не било доведено во прашање кој износ ќе има банкнота со слика на идеологот за утопиското општеството во кое „секој ќе добива според своите потреби“.

Ианку, оваа „банкнота“ има и воден жиг, метална лента, печатена е на посебна хартија и генерално - ги има сите својства на банкнота.

Оваа година Градот Трир е преполни со сувенири кои потсетуваат на Карл Маркс, големиот син на тој град, каде што можат да купат сувенири: чаши, пенкала и постери, марамчиња за бришење на очила, мали музички кутии кои, секако, ја свират Интернационала, и магнети за фрижидери.

Издавачот на банкноти, како што на шега наведува DW, не е Европската централна банка, туку фирмата која се занимава со туристички маркетинг во Трир.

Извор: Tanjug

 

ОкоБоли главаВицФото