Што за мене значи нарцизам

15.08.2018 13:57

Постојат социјализам и комунизам и капитализам,
рече Нил,
како и феминизам и хедонизам,
     и католицизам и бипедализам и консумеризам,

но мислам дека нарцизам е системот
што најмногу ми значи

и Силвија рече дека во случајот на Нил
нарцизмот претставува херојскo постигнување на позитивното мислење.

А Ен,
која сите ги вика Шеќерче
     сеедно дали ѝ се важни или не,

Ен запали цигара и рече: Само кутри ќе речат
     дека љубовта треба да се заслужи,

и кога тоа го слушнав, одекна за мене некоја далечна камбана,

се присетив на времето кога верував
     дека едноставно можам да живеам без неа

Нил ја испече пченката и го исечка кромидот
            на дебели бели тркалца
            и ги нареди влажните зелени краставици
                         во купчиња како монети
     а готвачката капа му се искриви на страна како печуркаст облак.

Потоа Итан рече дека тој смета
ако веќе на сите страни си збркан со самољубието
     тогаш не би требало да влетуваш во врска,

и Силвија сега тивко плачеше, со наведнат поглед
     врз чипсот и својот сад за ладење на виното,

а потоа хамбургерите беа готови, таман кога
сонцето на залез, во позадината, почна
                          да ги пресекува јагленестите облаци

откривајќи ја нивната внатрешност ‒ црна,
прошарана со темноцрвено,
                         налик на парче потпечен а крвав бифтек,

вкусен ама нездав,
или, во зависност како гледате на тоа,
                         нездрав ама вкусен

‒ баш како што, длабоко внатре во бедата
     на секојдневното живеење,
                     љубовта крвава се крие.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото