Жорж Батај: Литературата не е невина

15.08.2018 15:24
Жорж Батај: Литературата не е невина

Во 1958 година, пред точно шест децении, само неколку години пред неговата смрт е снимено (веројатно) единственото телевизиско интервју со Жорж Батај (Georges Bataille, 1897-1962) во кое озлогласениот француски книжевник и теоретичар зборува за своите провокативни книжевни интереси и позиции изложени во неговата тогаш најнова книга „Литературата и злото“ (La littérature et le mal, Paris: Gallimard, 1957).

„Литературата не е невина“, вели Жорж Батај во оваа извонредна колекција на есеи насловена „Литературата и злото“ издадена во 1957 година од легендарниот париски издавач Галимар, тврдејќи дека само со признавањето на нејзиното соучество во осознавањето на злото, литературата може целосно и интензивно да искомуницира.

Овие книжевни профили на осум автори и нивните дела, вклучувајќи ги и Емили Бронте со нејзините „Оркански висови“, Шарл Бодлер со „Цвеќињата на злото“, како и делата на Маркиз де Сад, Марсел Пруст, Франц Кафка, Жан Жене, Жан-Пол Сартр, истражува теми како насилството, еротизмот, детството, митот и трансгресијата, и претствува критичко-теориско дело богато со алузии и моќна аргументација.

Иако ова дело е преведено на голем број јазици како англиски, шпански, шведски, полски и други, а во 1977 година е преведено и на српски, не постои превод на македонски јазик ниту на ова, ниту на кое било друго дело на Батај, а на COBIB.MK (взаемна библиографско-каталожна база на податоци) евидентиран е само еден примерок од српскиот превод кој се наоѓа во НУ Универзитетска библиотека -„Гоце Делчев“, Штип!?


Се поставува прашањето: Кој се плаши од Жорж Батај? 

Погледнете го ова интервју кое претставува ретка прилика во живо да се слушне Батај.  

Извор: ina.fr 

Слични содржини

Книжевност / Теорија / Историја
Книжевност / Уметност / Теорија / Историја
Книжевност / Теорија / Историја
Свет / Книжевност / Теорија / Историја
Книжевност / Теорија / Историја
Книжевност / Теорија / Историја
Книжевност / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото