Ѓаволот носи Правда

15.08.2018 16:19
Ѓаволот носи Правда

ЈАС ГЛУВА?! Ц ц ц, што сѐ нема да чуеш.


Покажувам особен Pinterest и успех.


Тешко ова подигањево свест...


Прво ти ставаат зборови во уста, после ти вадат муабет.


Луѓето се печат на грешка.


Резилке, кажи како да се води проста и широка народна маса?


Јужниот сосед ни е спор со името.


Ако ништо друго барем не ќе се роди поубаво девојче од Македонче.


Ѓаволот носи Правда.

Аутопсијата покажа дека умрел од рака на срце.


Ќе се отвори човек, ќе му ја извадат душата.


Ќе претѐраш, па ќе депре-тераш.


Во животов дур да откриеш што холик си, веќе си станал нештопат.


Не можам да не се восхитувам на двојниот ДНА хеликс. Тоа ми е во гените.


Госпожа, детето ти е толку лигаво што изгледа ко плукната ти.


Ги плашам со "Пироман сум!" Увек пали.


Си го одр'жав зборот.

Имам даљинско ама ништо не ми мења.


Ситото ѝ рекло на инката: Не знаеш што пропушташ!


Рокфорт бил дедо му, се борел против пармезаните.


Глушецот на Никола Тесла се викал Мишо Ковач.


Дај еден круг бе, Данте!


Бизнисаурусите живеат во параноикот.


Боемите живеат во мезезоикот.

Смена
Денска сака,
ноќна мора.

 

Еднаш душа...
Втор пат душа...
Трет пат душа...
Продадено!

 

- Го знаеш Достоевски?
- Не.
- Идиот!

 

- Што ќе облечеш, поету?
- Муза и панталони.

 

- Колку ви е сосов?
- Песто денари.

 

- Што работиш?
- Нутриционист.
- Диети правиш а?
- Па...да.
- Нема леб во тоа диетите, ја да ти кажам.

Ги поминав сите граници, да не ме мислите.


Дозволив да ме понесе атмосферата и сега не знам кај сум.


Ќе му ги отвориш сите врати, ќе се отепа на прагот на толеранција.


Зборот ми е пред мислата пошо стојам зад тоа што го зборам.


Ќе ти симнев капа, ама ми се имаш качено на глава.


Не ги интересира твојата приказна, туку делот од неа во кој се пронаоѓаат.


Еден ден ќе си дојдеш на себе и ќе нема жив човек да те пречека.


Би пишувала и за смислата на животот, но стварно нема смисла.


Колажи: Eugenia Loli

ОкоБоли главаВицФото