Дали мобилните телефони му штетат на мозокот?

16.08.2018 00:06
Дали мобилните телефони му штетат на мозокот?

Наукaта со која се испитуваат мобилните телефони постојано излегува со нови студии. Тумор на мозок, нервно оштетување и различни видови на тумор се посочени како потенцијални негативни последици од користењето на мобилни телефони. Иако сеуште нема цврсти докази за нивното негативно влијание, тоа не значи дека не постои причина за загриженост.

Радијација?

Голема загриженост околу здравствените ризици од мобилните телефони е радијацијата што ја емитуваат. Мобилните телефони ослободуваат радиофреквенција, или радио бранови кои може да се апсорбираат во човечкото ткиво. Студии од минатото пронајдоа поврзаност меѓу употребата на мобилни телефони и одредени мозочни тумори. Но, според Мартин Росли, првиот човек на одделението за влијанијата на околината врз здравјето во швајцарскиот Институт за јавно здравје, видот на радијација што ја емитуваат мобилните телефони не треба воопшто да не загрижува.

Се работи за многу ниско ниво на радијација – истото го има во ТВ и радио сигналите. „Тоа не е не-јонизирачка радијација, што значи не се радиоактивни ил икс зраци, " објаснува Росли. „Не може да се случи директно оштетување на ДНА со ваков тип на радијација. Тоа е невозможно."

Според него „нема индикации" за поврзаност меѓу овој тип на радијација и рак. Многу често овие студии се „ретроспектива“ и се базираат на сеќавања за користење на мобилни телефони, кои луѓето кои имаат тумор ги наведуваат како причина“, додава тој.

„Немаме забележано големо зголемување на бројот на заболени во последниве две децении, што би требало да се случи ако имаше голем ризик од употребата на мобилните телефони," објаснува Росли.

Со сличен став е и Франк де Вохт, од Институтот за јавно здравје и епидмиологија на Универзитетот во Бристол, кој за ДВ изјави дека е малку веројатно дека опасноста од мобилните телефони едноставно исчезнала. „Ако употребата на мобилните телефони го зголемува ризикот од опасни болести, како на пример, рак, тоа ќе беше многу применето во научните методи за испитување, како на пример за ризиците од пушење и ракот на белите дробови."

Почекајте, има уште

Но дали тоа значи дека радијацијата од мобилните телефони нема никакво влијание врз мозокот? Претходните студии имаат пронајдено докази дека може да ги смени нашите мозочни фреквенции. Сега пак, нова студија во која коавтор е Росли пронајде врска меѓу употребата на мобилни телефони и негативниот ефект врз меморијата кај младите луѓе.

Швајцарските научници анализирале 700 адолесценти меѓу 12 и 17 години, регистрирајќи ги нивните навики на користење на телефон, а тие пополнувале и тестови за меморија. За една година, учесниците во истражувањето мораше да пополнат прашалник во врска со нивните навики за користење на мобилните телефони, како и да одговорат на прашања за нивното психолшко и физичко здравје. Потоа завршија серија компјутериризирани когнитивни тестови. Росли вели дека уникатен сегмент од студијата било користењето на кориснички податоци од мобилните оператори. Тоа значи дека за секој повик на еден од испитаниците, научниците „знаат на која мрежа бил и колку време траел разговорот."

Студијата открива и дека една година изложеност на радијација од мобилни телефони може да има негативен ефект врз развојот и степенот на меморија на специфични мозочни регии кај адолесцентите. Тука „изложеноста“ речиси исклучиво се однесува телефонски разговори.

„80 отсто од апсорбираната радијација доаѓа од држењето на телефонот до главата," објаснува Росли. Интересно е дека тие откриле дека мемориската функција е многу поранлива и поподложна не негативни влијанија од радијацијата ако телефонот се држи на десната страна од главата. Тука се наоѓаат региите кои се поврзани со меморијата.

„Во основа она што го видовме е дека колку е поголема апсорбција на радијација (од мозокот) толку е поголема веројатноста дека меморијата нема да се развие толку добро во споредба со оние кои има помала апсорбција, " рече Росли за ДВ. Научниците, исто така, истакнаа дека треба да се направат повеќе истражувања за да се исклучат други фактори, вклучително и пубертетот, што би можело да влијае и врз употребата на мобилните телефони и когнитивните функции.

При користењето на мобилните телефони за други активности - испраќање на текстуални пораки, фотографирање, користење на апликации - „речиси и да нема (радиоактивна) изложеност на мозокот“.

Дали треба да ги промениме навиките?

И покрај негативните ефекти кои ги регистрирале, Росли ги опишува овие како „многу суптилни". Но, ако сте загрижени, научниците нагласуваат дека ефектите од радијацијата лесно „може да бидат минимизирани" со тоа што ќе зборувате на мобилен на левата страна од главата, или да се користат слушалки – „особено ако квалитетот на мрежата е лош".

„Студијата покажува дека и покрај тоа што има влијание – како во случајов, врз меморијата – тој е релативно мал," објаснува Де Вохт. „Според мене најважната лејција од сите овие студии е дека користењето на мобилните телефони не е екстремно опасно, и покрај одредени такви тврдења."

Она што ги загрижува Росли и Де Вохт не се потенцијалните биолошки ефекти од употребата на мобилни телефони, туку промените во навиките кај оние „зависни“ корисници на мобилни телефони. Според нив, сите можни влијанија од зрачењето на мобилните телефони се далеку помалку релевантни од оние што го менуваат начинот на кој луѓето се однесуваат.

„Постојат убедливи докази дека она што личи на ‘зависност од мобилни телефони' негативно влијае врз социјалната интеракција, менталното здравје и благосостојбата", вели Де Вохт.

Во 2015 година беше објавена студија во која Росли е коавтор и која открила дека адолесцентите многу ги користат нивните телефони - особено кога родителите "гасат светло" и ги испраќаат на спиење – што ги наруши навиките за спиење, а тие се „многу поуморни". Тоа е такво истражување за кое смета дека е "многу порелевантно од перспектива на јавното здравство" при разгледување на ризиците по здравјето на употребата на мобилни телефони.
„Тоа нема никаква врска со зрачење, туку со животните навики". Росли е категоричен дека ако зрачењето има ефект врз корисниците на мобилни телефони „тоа во моментов не е ништо значително, барем не во овој момент".

Извор: DW

 

ОкоБоли главаВицФото