Зошто Кина го забрани новиот филм за Вини Пу?

16.08.2018 02:21
Зошто Кина го забрани новиот филм за Вини Пу?

Како што пренесува Би Би Си, кинеските власти не дозволиле дистрибуција на новиот игран филм на Дизни, „Кристофер Робин, каде си?“, со што Пекинг ја продолжи борбата против малото жолто мече заради наводна сличност со кинескиот претседател.

И минатата година кинеските власти се бореа против Вини кога на социјалните мрежи ги забранија неговите фотографии и затоа ова жолто мече стана симбол на отпорот во Кина, пишува британски „Стандард“.

Како и минатата, така и оваа година кинеските власти не објаснија зошто филмот „Кристофер Робин, каде си?“ е несоодветен за тамошната публика, но Би Би Си наведува дека се претпоставува дека тоа е дел од националната кампања против Вини Пу, по што на социјалните мрежи се појавија пораки во кои се истакнува сличноста на анимираниот јунак со претседателот Си Џинпинг.

Уште пред пет години на интернет се појави таканаречено меме во кое сликата со Вини Пу и Тигарот е залепена до фотографија на Си Џинпинг со Барак Обама.

Извор: https://www.b92.net/