Молитва за Арета

16.08.2018 16:48
Молитва за Арета

Денес на 76-годишна возраст почина Арета Френклин, „Кралицата на соул музиката“, една од најиконичните афро-американски пејачки во втората половина на 20 век.

Арета Луиз Френклин (Aretha Louise Franklin) родена на 25 март 1942 година, е американска пејачка, текстописец и пијанистка. Иако таа е најпозната по нејзините соул изведби и ја нарекуваат „Кралица на соул музиката", Френклин исто така се врзува и за џезот, блузот, R & B, госпел и рок музиката.

Списанието Rolling Stone ја рангираше на врвот на нивната листа на „Најголемите пејачи на сите времиња“, како и на деветтиот најголем изведувач на сите времиња. Во својата кариера Има освоено 18 Греми награди во напреварувачки категории и две почесни Греми награди.

Иако е невозможно да се зборува за неа во минато време поради нејзиното силно присуство во текот на повеќе од пет децении. Затоа само привремено се поздравуваме со неа преку нејзината изведба на I Say a Little Prayer во "The Cliff Richard Show" во 1970 година.

Извор: AgoraVoxFrance

Слични содржини

Книжевност / Музика / Око
Музика / Око
Технологија / Музика / Око
Музика / Око
Музика / Око / Музички спотови
Култура / Музика / Око
Фотографија / Музика / Око

ОкоБоли главаВицФото