Барокот на тасманиската пештера

17.09.2010 10:14
Барокот на тасманиската пештера

Зошто барок?! Не верувам дека во Македонија постои човек кој може да даде кохерентен и логичен одговор на тоа прашање. Иако барокот во меѓувреме кај нас стана дел од закони, уредби, препораки, градежни планови...

Еден од идеолозите на власта неодамна рече дека барокот бил Европа, дека ренесансата била тогашна антиквизација на Европа и дека е сосема логично што ние, петсто години културно блокирани од Турците, сега продолжуваме таму каде што Европа била во 16 век... Звучи лудо?! Звучи како избладано од зоната на самракот. Затоа велам дека во најмала рака е чудно зашто власта инсистира Скопје во 21 век да се гради во барок стил. А како воопшто нашата власт го сфаќа барок стилот - и тоа тешко може некој да го разбере. Веројатно затоа и молчат историчарите на уметноста. Оставаат со културните политики да се занимаваат дубиозните фигури на Паско Кузман, Вангел Божиновски и Ацо Станковски, културните идеолози на груевизмот.

Без претерано да навлегувам во темата (зашто е огромна и фасцинантна; ренесансата на некој начин е почеток на капитализмот и на Европа, а барокот е нејзино продолжение), овде ќе го пренесам поттикнувачкото мислење на Хард и Негри од нивната книга „Мноштво“. Интересно е што сегашниве процеси на неконтролираната неолиберална приватизација авторите ги поврзуваат со настанувањето на барокот, т.е. со кризата на европската ренесанса. Откако рационалноста, луцидноста и страсниот реализам на „новото човештво“ на ренесансата ќе го изгубат подемот, тогаш настапува барокот кој при создавањето на убавото мора да употреби многу посилни средства: хиперболи и фалсификати. Како што велат Хард и Негри, зад трансформациите на стиловите и модата се случува подлабока историска драма: кризата на првите поразвиени мануфактури, стрмоглавиот пад на продуктивноста на трудот и, најважно, рефеудализација на земјоделството со конечна приватизација на заедничките добра. Денешните приватизации одново имаат таков барокен, неофеудален израз. Политички гледано, барокот ја зацврстува власта на феудалците и на црквата; впрочем, во нашата антиквизација (чудно, „постмодерно“, според Станковски и Саркањац, поврзана со „барокизацијата“ на нацијата) за македонската црква е предвидено маркантно место; меѓу другото, не запира изградбата на цркви и крстови (се разбира, барабар со изградбата на џамии, зашто и муслиманите во нашата земја изгледа дека го живеат својот величествен 16 век).

Интересна е и една друга тенденција кај некои од апологетите на забеганата власт: антимодернизмот. Со огромна омраза груевистите зборуваат за модернизацијата на Скопје по земјотресот, за безличниот интернационален стил и за отсуството на јасни народни и национални симболи. Се разбира дека тврдењата за анационалниот и аморфен македонски модернизам - се бладања на идиоти и политикантски сплеткароши. Македонскиот модернизам, па и во архитектурата, често содржеше недвосмислени национални обележја, но искажани многу повоздржано и поелегантно од сегашното дивеење на распојасаниот и демагошки национализам...

Инаку, главната антимодернистичка сила во 20 век беше Католичката црква; Папата Пие Х уште во 1911 го повика свештенството да го заштитува христијанството од влијанијата на модерниот свет. Заклетвата на антимодернистите во рамките на католичката црква ќе трае сè до 1967 година. Тие им се спротиставуваат на природните науки, на придобивките на Француската револуција (слобода на индивидуата, човечки права итн.), а на социјален план антимодернистите се противат на модерната поделба на работата, на исчезнувањето на големите семејства, на еманципацијата на жените... Сличен антимодернизам терале и нацистите на Хитлер: палеле книги на неподобни писатели, експресионистите ги прогласувале за изопачени и дегенерици, го затвориле студиото Баухаус во 1933 година...

Бизарно е што дваесет години подоцна источните Германци исто така ја отфрлиле модернистичката традиција на Баухаус како буржоаски декадентна и како спротивна на „здравото народно чувство за убаво“. За нас е уште побизарно што источните Германци користеле елементи на барок во изградбата на источниот дел од Берлин во почетокот на педесеттите години на дваесеттиот век. Фасадите на големите станбени блокови визуелно биле испресечени со балкони, балустради, симсови и украсни елементи декорирани со барокни и новоготски мотиви.

Во контекст на темата барок, слободно можеме да заклучиме: културната политика на груевизмот е гротеска. Гротескноста токму е најбарокниот елемент на таа политика. Инаку, зборот гротеска потекнува од grotto, пештера. Зборот ги означувал необичните („грди, претерани, неприродни“) декоративни форми откриени околу 1480 година на ѕидовите на подземните гробници кои како пештери се пружале под римските храмови, јавни бањи и палати.

Уште една современа уметничка гротеска ме потсетува на „барокното“ лудило во кое сме принудени да живееме. Уметникот Кристиан Болтански пред неполна година му го продаде својот живот на австралискиот милионер и колекционер Дејвид Волш. Договорот предвидува во следните осум години, почнувајќи од 1 јануари 2010, четири камери деноноќно да го снимаат атељето на Болтански. Сликата едновремено се пренесува врз ѕидовите на некоја пештера во Тасманија. Можно е, значи, гротеските во нашава пештера да се само перверзно риалити шоу, кое се проектира врз ѕидовите на некое атеље... Некој некаде можеби знае што се случува.

Извор: Глобус, 13.09.10.

слики: George Condo

Убо кажано! Добар текст.

Убо кажано! Добар текст.

Mnogu me interesira dali

Mnogu me interesira dali prais muabet so Aco uste?
I toa ne seirdiski, ja na primer koga ke se razminam so nekogo ideoloski pa i da nema losi emocii ili nedaj boze nesto drugo, pak muabetot ne mi ide pa to ti e.

 Звучиш како некој што не

 Звучиш како некој што не гледа подалеку од носот. Пардон - идеологијата.

Шо би рекла Мирка:

Шо би рекла Мирка: моронерија.За жал јас а и многу други кои прашуваат што е по струка господинот Гелевски, не добивме одговор.Или можеби е прескромен да се пофали со своите успеси.Како и да е овај човек останува енигма за многу од нас.
Не е точно дека сите објекти се во барокен стил.Зградата на филхармонијата не е во барокен стил.Ако сте толкави љубители на културата ќе сте радосни барем што филхармонијата конечно доби свој објект.
Зошто барок?Барокот е класика.Модернизмот не е константен поим.Она што пред 60-70 години било модерно сега не е.Така да ова е шанса да се направат објектите безвременски.
Секогаш кога се градело нешто ново имало критичари.Планот за проширување на тесните улички на Париз наишол на критика затоа што ке се уништел духот на Париз, многу парижани ја мразеле Ајфеловата кула...Можам да го замислам Гелевски, да живееше пред век и нешто, како пишува писма до Le Figaro,во некое зачадено собиче на газиена лампа, полн со омраза, исфрустриран, како архитектите се дегенерици, нецивилизирани, чудаци...
 

 http://pab.blog.mk/2010/02/0

 http://pab.blog.mk/2010/02/06/1889_ministerkata_za_kultura_protiv_ajfelovata_kula/
аман-те со неосновани аналогии. прочитајте го текстот. многу е јасен и прецизен. 
 

Ѕвонко, веднаш се гледа дека

Ѕвонко, веднаш се гледа дека сте дилетант. Дека поим немате за што зборувате. Вашето знаење за она што е барок, класика, модернизам, „безвременско“ е на ниво на дете од основно училиште, па и под тоа. Затоа е бесмислена секаква расправа со вас. Но, се јавив да укажам на базични логички грешки што ги правите: од една страна велите дека власта игра на сигурно и дека одбира „безвремени“ решенија; од друга страна велите дека власта гради нешто ново и заради тоа е критикувана. Верувајте, тоа нема логика.
И уште само мало дополнување: во уметноста (како впрочем и во животот воопшто, и во општеството) нема игри на сигурно. Треба да се биде храбар, но пред се’ многу упатен и многу вешт, за да се прават пробиви. Во која било малку поцивилизирана земја стручната јавност би го распнала на крст секој автор кој посега по толку бедни општи места од типот „антика, барок, класика“. Сосема спротивно на вашата дилетантска логика, Звонко, она што го прави актуелната македонска власт не само што не е неризично или недискутабилно, туку е сосема неприфатливо. Неприфатливо за средина со минумум критичка јавна свест, се разбира.
 

Власта е критикувана затоа

Власта е критикувана затоа што воопшто гради.Тој ми беше муабетот.Не гледам зошто е неприфатливо кога поголем дел од македонската јавност го прифаќа проектов.И дел од архитектите.Не може да не се забележи дека главните критичари се политички мотивирани и воопшто не им е гајле за архитектурата.На знам само каде бевте, вие, стручните кога се градеше рамстор на пример.И зошто не излегоаа тогаш разни архи бригади, квази-уметници, соросоиди да протестираат?Дали е тоа храбро, авангардно, решение?Каде беше тогаш факултетот за архитектура?За минливоста на модернизмот можеш да погледнеш сегде низ Скопје (ГТЦ, МАНУ, МТВ, ЕВН, Комплексот на факултети, Универзална сала, домот Гоце Делчев, зградата на Македонска пошта, зградата на владата и уште колку сакаш вакви примери) и да видиш како изгледаат тие тогаш модернистички градби.
http://www.guardian.co.uk/artanddesign/gallery/2010/aug/08/architecture-kazakhstan#/?picture=365474626&index=9
Еве и еден линк.Астана, Казакстан.Моментално едно од најголемите градилишта со исклучиво футуристичка архитектура.Коментарите на вашите казакстански колеги се дека новите и модерни згради го убивале духот на Казакстан.Значи да заклучам, што и да правиш секогаш ке има критики.
 

 Ѕвонко, сега ќе ти речат

 Ѕвонко, сега ќе ти речат дека си испран мозок. 3, 2, 1...

 Да се здрави и живи:)Како ке

 Да се здрави и живи:)Како ке приметевме инаку дека ни е испран мозокот.Благодариме господине Гелевски и сите вие фини дами и господа од окно и другите просветителски портали:)

 Еве уште една

 Еве уште една „лоша“ вест: http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91810939316&id=16&setIzdanie=22086
 
МКЦ ќе се модернизира. How about that, Mr. Gelevski? Или и тоа сега не го бива?

 Коментар, г. Гелевски? Некој

 Коментар, г. Гелевски? Некој Окнаш? Повелете, некој?

 Ама, господине Гелевски, та

 Ама, господине Гелевски, та зошто бегате вака?!

Ѕвонко, со секој збор

Ѕвонко, со секој збор покажувате наполна неупатеност и, што е можеби пострашно, наполно отсуство на минимум општа култура и јасни културни ориентири во главата. Без воспитан и култивиран радар во главата (што се стекнува во семејството, низ образованието, медиумите и опкружувањето), џабе ви партиски наложените обиди (со гуглање, по умот на Миленко Неделковски, еден од идеолозите на преродбата) да се најде какво-такво оправдување за „Скопје 2014“, еден од најмрачните архитектонски проекти во Европа во 21 век (чија брука допрва ќе се открива и ќе го привлекува вниманието и на луѓе надвор од нашата земја).
Надвор од тоа, Ѕвонко, вашите зборови пак немаат логика: па нели вие, „преродбениците“, се фалевте, до вчера, како големи Македонци и обожаватели на се’ македонско?! Скопје е Македонија?! Зарем баш најрепрезентативните зданија во Скопје, што ги набројувате, се гнаси од кои треба да се срамиме?! И наместо нив да поставиме „антички“ и „барокни“ потемкинови села?! За да го оправдаме новиот идентитет што вие ни го зададовте како домашна задача?! Значи, тоа ли е сега новиот преродбенички императив: Скопје (и Македонија) се мизерија и беда, но тука сме ние преродбениците да направиме поубаво и постаро Скопје и Македонија (ко тој лудиот кмет од Требиње што сакаше Дубровник, со помош на српската артилерија, да го направи „поубав и постар“)?!
Ѕвонко, вашата омраза кон Скопје е толку голема (и, всушност, кон Македонија, која - можеме да одиме толку далеку - токму, како држава, е производ на модернизмот, и во политичко-национална и во културна смисла)  што само го потврдувате она што упорно го тврди и текстот на Гелевски: вие сте рушители на Скопје и Македонија, вие сте уништувачи и на државноста и на културата на нашата нација.

 Не сум знаел дека здравото

 Не сум знаел дека здравото резонирање се коси со уметничките критериуми, мајке ми... А Гелевски сега почна да применува и кросдресинг. Мајке ми. :D
 
И ете, не потраја долго, некој мораше да се јави да го сведе Ѕвонко на испран мозок... Love to say I told you so.

И антидржавен елемент сум

И антидржавен елемент сум станал:)Тешко таа држава што е оставена на Гелевски, Геровски, Милчин, Ѓунер Исмаил и вие нивните следбеници.Ама не е таа темата.
Прво и основно јас не сум никаков преродбеник.Не велам дека треба да се срамиме ама па дека се празник за очи објектите со ги наброив, сигурно не се.А и се крајно, крајно нефункционални.Ама тоа е веќе друга тема.Далеку од тоа дека ако е нешто македонско треба да го обожаваме само затоа што е македонско.Скопје и Македонија не се мизерија и беда.Можеби не знаеше ама еве ќе те просветлам, има и други канали на ТВ освен А1, весници освен Време, Шпиц и Утрински и други колумнисти освен Гелевски (на Геровски му даваат само по 3 реда во весник, па претпоставувам него треба да го водиме како хаику писател).Јас браем не гледам беда (освен овде на окно).Не ми јасно како мислите дека ќе ни го редефинираат идентитетот.Со Скопје 2014?Со т.н. антиквизација?Јас не гледам што е спорно во тезата дека е можно да сме потомци на античките македонци.Можеби вие имате некои сознанија?Го знаете клучот на македонскиот идентитет?Памтите кога сте дошле од зад Карпатите?
За жал не слушнав одговор каде бевте кога се градеше рамстор, зошто тогаш немаше архи бригади, зошто молчеа професорите од архитектонскиот факултет, каде беа тие истите професори во 90тите години кога се градеше што ќе се стигнеше, каде ке се стигнеше...Да појаснам само мојот недостаток на општа култура не е одговор на прашањава.

Така. Сега очекувај нов

Така. Сега очекувај нов понижувачки коментар (нормално со куп глупи флоскули во него) од некој „нов“ лик (но со ист стил на пишување); или коментар кој ќе се обиде да ја смени темата и да те дефокусира од прашањава (Окнашите никогаш не одговараат на прашања). Нов понижувачки/дефокусирачки коментар за 3, 2, 1...
 
(Да не беше трагично, ќе беше смешно. Или обратното...)

Протести за Рамстор можеше да

Протести за Рамстор можеше да има само поради тоа што Бранко го продае по багателна цена, ама тие требаше тогашната опозиција да ги организира, а нејзин водач беше Грујо. Е сеа, он тогаш имаше договор (извинете, ова е словенскиот збор, македонскиот беше „дил“) со Бранко, ја тебе председник, ти мене премиер, па мудро си молчеше. Од архитектонска гледна точка не гледам нешто спорно,а уште повеќе што тоа е приватен објект и не се прави со државни пари. Еве ти одговор на прашањето, а тоа дека си ги измешал лончињата околу стиловите и архитектурата, во право беше девојката.

 Логиката ми беше

 Логиката ми беше едноставна.Не знам што ви се измеша толку.Муабетот ми е дека модернизмот е активна категорија и тоа што е модерно денес за 10-20 години ќе е смешно.Како во архитектурата така и во музиката, модата...Не гледам зошто би ги организирала тогаш опозицијата протестите затоа што не мора само поради политички причини да се протестира.И не се сложувам дека ако е приватен објект може да изгледа како сака газдата.Посебно не на такво место.Обично тие што имаат пари немаат баш истенчен вкус.За цената на земјиштето и слични договори не навлегувам.

 Анонимен1, дали ти со ова

 Анонимен1, дали ти со ова индиректно признаваш дека протестите на Архи Бригада всушност навистина беа организирани од Опозицијата, на чело со СДСМ, т.е. Бранко Црвенковски? А сите знаеме дека беа во сред избори. 
 
Што убаво се издаде, оф оф! Nice one!

КОЉА! ова ви го пишувам како

КОЉА! ова ви го пишувам како верна читателка&соборник (да не речам, сопаталец). Окнашка из првог дана. Значи супер ви се колумните, супер прилогчиња на Окно, музичиња, клипчиња, галериички, уше да зготвите нешо па за сите сетила да ни ги задоволите. Поглед во длабочина и храна за разум исто.
Меѓутоа, во последно време се појавија некои деструктивци Џовек, Адреналина Бомбина, Шиткач ем Шуткач, и цела една плејада ликови, уште Рез(име) фали да се појави! Ја убија атмосферата, спонтаноста и радоста на Окново. Згора на тоа, па какви се тоа тролови, затворени во четири ѕида само штракаат по тастатура и етикетираат кој е штапски пацов, а надвор не лавови, уште диносауруси да лупнат. На крај краева, дозволете ми да бидам малку некоректна: расправање на интернет е ко параолимписки игри; и да освоиш златна медаља, ќе останеш хендикепиран.
Затоа Коља, како искрен поддржувач ве молам за модерација. Па можда и нека нема коментари. Па и овој Билобил, па и уште некои ликови мрчлиња&мочлиња, го спуштаат нивото и само контраефект даваат. Кој сака да јаде гомна нека твита или блогира. Окно на окнашите!

Не можам да разберам, дај

Не можам да разберам, дај објаси ми, како вие како интелектуална елита на Македонија, барате цензура и не трпите спротивни мислења.А за изборот на зборови не би ни коментирал.Жалосно.

 А, на Билобил Форте веќе

 А, на Билобил Форте веќе почнаа да му бришат коментари. Оти, срамота е да се знае дека еден Окнаш од калибарот на Б.Ц., е уствари, Груевист!
 
А оние што го следат... немам зборови. Не овци, туку лоботомизирани овци. 
 
Инаку Ѕвонко, да повторам едно од правилата на Окнашите: Окнаш никогаш не одговара на прашања. Гелевски па уште помалце. Прашај го зошто - пак нема да ти одговори. Тоа ти е. Ѕид. А со ѕид нема дијалог. Оти ѕидот и не е способен за сложени мисли, што сакаш натаму?
 
Поздрав.

 Kako ne ti e sram da gi

 Kako ne ti e sram da gi potcenuvas hendikepiranite i ne mi e jasno zasto ovoj komentar ne e izbrisan ili sepak odi vo prilok vo necija odbrana .. mnogu zacuduvacki 

Фигурата со параолимписките

Фигурата со параолимписките игри е сосема некоректна! Голема работа е да се учествува, а уште поголема работа е да се биде меѓу најдобрите. Параолимписките игри се прекрасна работа, како и да ги свртите.
Коментарите на интернет можеби не се баш прекрасна работа, но се дел од демократската игра. Живееме во исто општество, сите ние, леви/десни, верници/неверници, Албанци/Македонци итн. И ред е да научиме да разговараме. Да ги артикулираме сопствените позиции и разликите. Со тоа всушност и ги дефинираме сопствените позиции, самите себеси.
Значи, воопшто не ми пречи да се расправам дури и со тврдокорни националисти или луѓе што нејќат договор со Грција влез во ЕУ што и да е. Нема тука никаков проблем. Единствен проблем е коа се шири партиска пропаганда и кога се нагазува говор на омраза. Тука треба да се палат алармните светла. И тоа на Окно го правиме.
Инаку, добредојдено е секое мислење, па нек е и радикално, нек е во спротивност со, да речеме, ставовите што преовладуваат на Окно. Добредојдена е дури и понагласената критичност, кон било кого: авторитетите од политиката, културата, стопанството...
Уште една причина има ние, граѓаните, да научиме, ако ништо друго, да разговараме едни со други, дури и кога радикално ни се разликуваат политичките или културните појдовни точки. Ако политичарите, кои исклучиво за медиумски потреби, сиктат едни на други, а всушност неверојатно лесно ги остваруваат главните дилови за меѓусебна заштита и богатење - зошто тогаш и ние граѓаните да не научиме да ги следиме сопствените интереси, па и кога сме раскарани?!
Ете пар причини зашто коментарите се океј. Инаку, општеството ни е такво какво што е; не можете од простаци (Билобил, Ѕвонко итн.:) преку ноќ да создадете џентлмени, тоа е јасно. Општеството е максимално запуштено, на сите рамништа. Нема друго освен да се поправа, дел по дел, човек по човек.

 О, каква слатка промена на

 О, каква слатка промена на реториката! NOT.
 
Гелевски, молам да ми одговорите на бројните прашања што Ви ги упатив, а не туку да ни мачкате очи.
 
П.С. Вашиот симпатија, Бранко Црвенковски, сака договор со Грција само од 2006-та наваму (и тоа декларативно). Можеби треба да го прашате ЗОШТО. Што се предомислил така? Инаку јас сум убеден дека да дојде тој на власт, пак нема да сака да се договори со Грција. Не за друго, одеднаш ќе мора да спречува десетина атентати месечно.
 
Не ми верувате Гелевски, дека Бранко ве фарба? Повелете сам уверете се:

 
Инаку, да го цитирам Груевски: Грците нивниот филм нема да го гледаат. Извор:

 
Жалам, но, волјата на граѓаните на Република Македонија е различна од Вашата и онаа на Вашите приврзаници, почитуван Гелевски.
 
Бацки :***

 Фала му на Бог што сe у[те

 Фала му на Бог што сe у[те има вакви светли ѕвезди како вас господине Гелевски, па уште не нема проголтано темнината.И фала што ќе не "поправите" и превоспитате.Се надевам дека ќе биде нешто како Голи Оток или како гулазите во СССР.Па да излеземе и ние од таму како луѓе, како џентлмени.Ако е можно се разбира.Затоа што џентлмен како вас не се ствара, џентлмен како вас се раѓа.
За пратиска пропаганда е смешно да зборувате, затоа што во основа целиов сајт е партиска пропаганда.Нема еден еднинствен оглас што значи дека е непрофитабилен.Тпгаш мора да е спонзориран.Се наметнува прашањето: од кого?Или од СДСМ или од соросоидните невладини организации.Фабриката проработи пак.Ова е само алатка за критика кон власта.И ништо повеќе.Не е последната тврдина на слободната мисла како што сакате вие да го представувате, не е ништо авангардно, револуционерно, контракултурно...За ставовоите за ЕУ не би навлегувал воопшто.Сигурно се осеќате бедно затоа што и 80% од сељачанава, што ја презирате, има ист став како вас за членството во ЕУ.И на крај ако можеме да добиеме одговор на прашањето што могнумина овде се прашуваат: што сте по професија, каде го имате стеканто образованието, дали сте партиски член или симпатизер?

Коментарите се ОК. Но дали се

Коментарите се ОК. Но дали се коментари личните монолози на еден-двајца заробени во четири ѕида е големо прашање. Морам да се согласам со „редовната читателка“. Станува одвратно да се посетува Окно. РЕд е да научиме да разговараме вели Гелевски - се согласувам. Да научиме да разговараме без бедните епитети: идиот, сељак, фашист, хитлеровец, аљкав, итн., итн. Нивото на вмровците е ниско та пониско не може да биде. Ама да научат да разговараат од некој кој се користи со истите алатки сигурно нема. Жално е да се гледа како Гелевски се подмитува на истите методи. Едно е кога тоа го правеше на блогерај, сосема друго е кога тоа го чини на медиум кој се оформи со цел да понуди малку подруга атмосфера. Македонецот секогаш го уништува она малку квалитетно што го има. Истото му случува и на Окно, за жал.А му се случува само зашто еден максимално надркан и изнервиран интелектуалец не може да се конртолира и изброи до десет пред да почне да мава по тастатура.
Џабе добра и благородна цел кога пристапот е тотално промашен. Гелевски никој не може да го убеди дека тој греши, докажано многупати до сега, ама белким оние што го „палат“ ќе сфатат дека го гушат просторот, па и тој ќе олабаи.

 Почитуван Анонимен1, јас

 Почитуван Анонимен1, јас како вмровец, до сега многу пати повикав на еден културен, разбран дискурс, без обострани омаловажувања и говор на омраза. Мене ми е јасно дека човек што сака напредок, не се однесува така омразително како Гелевски. Во најмала рака, прави поделби, а притоа се жали на поделби и неединство. 
 
Предложив културен муабет, но ми беше одговорено уште пожестоко. Гелевски бил во борба со шљамовите, идиотите, испраните мозоци, мајмуните, призраците како мене. И тука декларативно не’ дене на кол, не’ праќа по логори, ама на улица е кротко јагненце, кое нема проблем да го возат, хранат, и услужуваат вмровци (и сите нивни епитети).
 
И така, сам се бутка во метаговор - навредите повеќе не му имаат тежина (оти сам си ги распадна од премногу рециклирање), но затоа сите го гледаме како се однесува - а тоа пак повеќе говори за него, отколку за „фашистичкиот окупатор“, т.е. јас, ти, Ѕвонко, Фројд, Велковски... Ма, секој што не се согласува со него!
 
Размисли и види си кој е тука фашистот. Ми делуваш премногу паметен за да бидеш Окнаш. Резонираш премногу критички и премногу си непристрасен за нивниот вкус. Затоа и те нападнаа подолу. Немој да се двоиш од Борг кралицата!
 
Поздрав.

Што да и’ каеш на ваква

Што да и’ каеш на ваква ноторна будала, ко Анонимниов1 - освен дека е ноторна будала!? Кај живеете, бе, морони?! Во дворот на Луј 16?! Кајшто се одрубуваат глави уз „упс, извинете“?! Слободата на јавниот говор, стерилни и неписмени кретени, отиде многу далеку! Најпрвин, се разбира, во уметноста (од Селин до Гинзберг - цела елита на „пцујачи“), а потоа и на сите други рамништа (новите европски регулативи за слобода на говор дозволуваат дури и на високи политичари да им се каже „будала, идиот“ и слично, во соодветен контекст...).
Потсеќаш, Анонимен1, на тој цајканот што го гони Доктор Хаус, во втората и третата сезона (баш периодов го репризираат на ХТВ). По твоите мерила, и доктор Хаус треба со летви да го затепаат, зашто више-мање на сите им збори дека се морони и идиоти, не?!
Анонимен 1, ти си констипациска („анална“) будала, стегната и фрустрирана до загрижувачки размери. Прости за брзава дијагноза од ракав, но ако нешто некоаш (во сите времиња!) одело на нерви тогаш тоа е празното надуено морализирање на човечките нули. Ко што окнашиве на кутриве вмровчиња им препишуваат лектира деновиве, така еве и за тебе, Анонимен1, една важна книга од Вилхелм Рајх: „Слушни, ти ситно човече!“

А-ха.   Значи овој коментар

А-ха.
 
Значи овој коментар на Анонимен1 е во ред: „Протести за Рамстор можеше да има само поради тоа што Бранко го продае по багателна цена, ама тие требаше тогашната опозиција да ги организира, а нејзин водач беше Грујо. Е сеа, он тогаш имаше договор (извинете, ова е словенскиот збор, македонскиот беше „дил“) со Бранко, ја тебе председник, ти мене премиер, па мудро си молчеше. Од архитектонска гледна точка не гледам нешто спорно,а уште повеќе што тоа е приватен објект и не се прави со државни пари. Еве ти одговор на прашањето, а тоа дека си ги измешал лончињата околу стиловите и архитектурата, во право беше девојката.“
 
А овој последниов му, поизбалансираниот и со критики до Коља, не е?
 
Слушни, ти лицемерно човече!
 
П.С. Доктор Хаус е супер лекар, но карактерно е самобендисан идиот. Но секако дека зависник од финташки ТВ серии нема да се согласи со оваа констатација, duh! Go watch your TV, it needs you...

Е, Коља, знам што е работава

Е, Коља, знам што е работава со пациентиве: они те обожаваат:). Анонимниов до тој степен е затрескан во тебе што и покрај тоа што Окно му е одвратно - не мож да одолее! Штавише, и у коментари се запишуе, ко обожавател&љубител. Сеа, ти веројатно имаш право со Рајх/Мајх, изглеа дека стануе збор за анална фигура од мазохистички тип, али тоа ти е. Љубов! у суштина:)
П.С. Морончево од „портокаловите“ (мада се више зелени, у глаа) исто доаѓа да биде рашутирано на клоци. Мило е како е ентузијастично! Баш ги обожавам обожавателиве, стварно!:)

нека престанат да се градат

нека престанат да се градат цркви и крстови, а нека продолжат да се градат ултра модерни чирови каков што е случајот со објектот (ма тоа не ни знам што претставува) на плоштад пред евн на местото на поранешна коцка или сепак и тоа претставува приватен објект ....

Интересен заклучок ми се

Интересен заклучок ми се наметнува од дискусијава.Очигледно е дека се работи за политичка,наместо-Расправа за и околу Уметноста!
 
Она што е потегнато во текстот на авторот е токму прашањето на уметност и култура-прашањето за парахроната појава на Барокот,кој патем се означува како „класика“,токму од уметнички дилетанти.Од каде потекнува мојот заклучок?Од тоа што, наместо аргументи,кои се однесуваат на одбрана на потребата од „барок“во XXI век,од аспект на композиција,естетика,пропорција,визуелно доживување и впечаток… навлегуваме во беспредметна расправија pro et contra,за тотално Политички инспирирана Уметност!Политичката мотивација на „барокот“ (псеудобарокноста) е очигледна!Уште поочигледно е дека тој е промовиран од политичари,апсолутни непознавачи на постулатите кои ја карактеризираат уметноста!
 
Која е вредноста на Кич-фигурините,распослани низ центарот на градот за кој,барем така се изјаснуваат во своите настапи и говори,тенденцијата им е да го направат „Светска Метропола“?Од каде и да тргнеме,од Стара железничка кон Камениот Мост,или обратно,единствената вредна фигура,е „Просјакот“!И поред извесни сличности со одредени слични дела во светот,има свој сопствен ликовен и визуелен Израз!Сите оние „Еј“;„Шмизли“;„Мачки“… се безвредно Ругло на градов,без сопствен печат,претежно диспропорционални,безизразни,со нарушена статика и композиција,во голем дел и лоши имитации,кои згора на сè се и нечија Прескапо платена мегаломанија со туѓи пари!Се работи за Превреднувана Умислена „уметничка слобода“,која под истиот поим подразбира дека,она што го изработува,може и да се коси со основните предиспозиции за да создаденото се нарече Дело.Се коси со основите на визуелното и естетското,што е и главната карактеристика на Кичерајот!
 
Всушност,како и самата презентација на Морбидната Инсанија „Скопје 2014“се работи за Кич,кој е обвиткан во Златна рамка,во безупешен обид кичерајот да се именува како уметност!Златната рамка во случајов е заменета со големо количество псеудопатриотизам,кој преку замена на тези,упростувајќи го невозможното,сите противници ги етикетира како предавници,а сите слепи подржувачи како единствени носители на националниот идентитет!
 

Не постои нешто такво како

Не постои нешто такво како Барок или Неокласична архитектура. Работата е проста во главите на простите. ВМРО сакаа нешто што личи “старовремско“. ВМРОвците се согласија. Изгледа антички, се чини дека се работи нешто во Мајка Македонија Напатена. Пукај, Грујо! Критиката на опозицијата е дементна, стилот не бил во ред, не морало толку коњи да има, да сме уштеделе пари. Што кур дебате е тоа? Кои сте вие штабски гнаси да кажувате како треба да се трошат моите пари? Па не требало на волови, туку на болниците да се “дале“ парите? Кои сте вие да ми ги земете парите, крвници едни? Како се осмелувате да го сведете муабетот на вашите партиски платформи, или во пософистицираната варијанта -на темата што е кич, што е уметност? Не ми е гајле што мислите за вашите пари. Оставете ми мене јас да си одлучам како да ги потрошам моите.

Со доктор Хаус се

Со доктор Хаус се поистоветуваш сега Гелевски? Пред да почнеш да се умишљаш дека си Дон Дрејпер сфати дека станува збор за филм (do not attempt this at home!). Др. Хаус во реален живот немаше да го истераат на клоци ама лиценца за работа одамна ќе изгубеше.
Плус, и хипотетички да го прифатиме како реален... со кој правиш аналогија, со најдобриот дијагностичар во свет? Наспрема... најдобриот колумнист во скопската бановина? Или за најдобар издавач се сметаш?
Дорктор Хаус ха ха. Сценаристите на Хаус имаат смисла за хумор, нешто кое недостасува во твоите аргогантни, фашиозоидни монолози без поента. Али мавај. Ние сме исфрустрираните, да :-) 

Мене цела оваа заебанција ми

Мене цела оваа заебанција ми личи на оние хипстерчињата, бубуљичари кои во потрага по идентитет и кул изглед посегнуваат по изморени субкултури кои некогаш биле „закон“, и прават една мусака на стилови од сето тоа. Не е ни чудно, реално менталната возраст на нацијата ни е едно 16, 17 години. Постерчињата со Аце, Филип и други херои и идоли го докажуваат тоа. Емо фазата ич да не зборам.   
Џабе писанкава Коља, нафуран копиљ не се убедува. Само, многу скапи „старкиве“ :)

Релативно често сме ви држеле

Релативно често сме ви држеле овде мали вежби (јал поединечно јал групно) по стилски фигури&логика. Аналогија не е поистоветување. Може да биде, не велам, можеби е сугестијата во таа насока, никој не мож да гарантира - но аналогијата сепак не е поистоветување (ко што главниот лик во романот не ги одразува позициите на авторот - тоа го знаат и деца од четврто одделение; мада преродбенициве доста пореметија во тој поглед: ни четврто одделение више не е четврто одделение, али ај; да имаше услов бар да имаат четврто одделение бар министрите - али право четврто одделение! - кај ќе и’ беше крајот на земјава:).
Значи, еден од проблемите на дел од коментаторите е екстремното незнаење (Анонимен1 итн.). Втор проблем е фрустрираноста&хејтањето на огавни анонимци што се као инсајдери-доушници, прастара цајканско-политичка школа - паланечка, во суштина, со цел да сузбие се’ што малку од малку штрчи. Работата е, значи, во слободата, во креативноста, во натпреварот. Не мораш да бидеш „најдобриот дијагностичар на свет“ за да му каеш на идиотот дека е идиот, не?! (ради тоа зборам дека овде е исфорсирано кога аналогијата се прогласува за поистоветување)
Но, сепак е сјајно - и благодарни сме за тоа, ко Окно:) - што вакви безимени штакорчиња, ко Анонимен1, доаѓаат и троа пуштаат пар танчерски чекорчиња по нашата срча. Се’ е тоа музика! Ради тоа, анонимци - само напред!

Еј, Пчински, добредојде!

Еј, Пчински, добредојде! Фалат твоите коментари овде, пријателе!:) Се надевам ќе те слушаме почесто!

 ЌЕ си играме: слепи за

 ЌЕ си играме: слепи за курац, а? :) Да, признавам, јас сум неписмениот кој згреши. Аналогија повлече со Хаус. Е, аналогијата ти е глупа.Поглупа не може да биде. Ликот на Хаус во реалниот живот професионално нема да преживее два дена и ќе банкнотира одкако ќе плати за дискриминација, навреди, користење навредлив јазик, кршење закони, итн. И лиценца ќе изгуби. А јавен простор ни Џери Спрингер нема да му даде.
И сега, што има тебе да ти замеруваат, што Хаус  не го тепаат додека ги просветлува? Гелевски, тресеш зелени , ама ајде, твојот инат е поголем од мојот.Плус, интересен си кога ќе се потпалиш како млада невеста тргната по вода и ќе почнеш со смешни примери, цитати и аналогии кои можат да дојдат само од устата на теткицата седната со плетило пред ТВ. Продолжи да не забавуваш -само напред!

Слични содржини

Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото