Дормео и Јулија

17.08.2018 02:02
Дормео и Јулија

Во Фејсбук разговорот учествуваат Тања Аждаја и Владимир Лукаш.


Тања Аждаја
Смена
Денска сака,
ноќна мора.


Владимир Лукаш

...Си помисли попладневната дремка.


Тања Аждаја
На арката на Параное сум
ил во Содома и Гомора?


Владимир Лукаш
Содоме слатки содоме.


Тања Аждаја
Дормео и Јулија.


Владимир Лукаш

Кафез без шеќер.


Тања Аждаја
Монтекила со лимонтеки.


Владимир Лукаш
Си за еден чајвар?


Тања Аждаја
Да, молимон лепо. Ама ако е оптичка чајварка, давам вотказ.


Владимир Лукаш
За секој случај, ќе се напијам ки c'est la вода.


Тања Аждаја
Господине Лукаш, знаев дека лажеtête-à-tête!


Владимир Лукаш
Ја зборувам висринтинтината!


Владимир Лукаш
Ти па ама си оцетлива.


Тања Аждаја
Vis-à-visдувам на спокојот.


Владимир Лукаш
Спокојотот и брзата штица итрицар?


Тања Аждаја
Само миг миг, велите нема чин чин?


Владимир Лукаш
Не, не. Само тоа па тоа.


Тања Аждаја
Оh, bloody mary! Дај само вотка... или реков мартини... заборавив, стално ги мешам тие.


Владимир Лукаш
На пијаци:
- Је'л тазе књижевност?
- О, да! Брана дела јутрос.


Тања Аждаја
Таа би му рекла дека му е идна, но тој претпочита вчерашни.


Владимир Лукаш
Утринска џинмастика. Со салатка.


Тања Аждаја

Би се прошекнала од твојов бурбон-тон. Глава би ме вискинала.


Владимир Лукаш
Ликербер си е ликербер. Боли глава од Вардар до Триглав.


Тања Аждаја

Ќути, знам, до толку ми фаќа ликерот.


Тања Аждаја
Јегер одев мајко, поарно ми беше.
По рум одев мајче, глава ме болеше.


Владимир Лукаш
Појше сум по кафеникс, додека лежам на плажа намачкан со крематориум за сонце.


Тања Аждаја
Се креваш од пепелинковец и влегуваш во смешниот битолски крематориум Урна-бес.


Тања Аждаја
Епитаф: Претерал со шанк-фуд и завршил во шток-соба.

Цртежи: Владимир Лукаш

 

Слични содржини

Книжевност

ОкоБоли главаВицФото