Мојата Итака

17.08.2018 11:51

Ги менуваше маските, љубов моја,
Се оддалечуваше и се приближуваше
Како Итака.

Ми приоѓаше
На врвовите од прстите
Излегуваше од старите дворови,
Собираше леб од ѓубриштата

Се натрупуваше како снег,
Се топеше, исто така.

Пред мене бегаше како тетреб,
Лежеше како заклана еребица.

Се стуткуваше под јорганот.

Богохулеше.
Во молитва ги склопуваше рацете.

Постојано ја носеше маската.

Твоето вистинско лице го видов
Дури утринава, на перницата
Од вдлабнатинката на главата
Која веќе не беше тука.

Превод: Бранко Цветковски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото