1005 hPa
94 %
20 °C
Скопје - Вто, 10.09.2024 02:59
„Електронски“ платежни „картички“ од пред 30 години! Ова се жетони за плаќање на билет во автобусите на Градски сообраќај - Скопје.
Жетоните се купуваа во трафика, а кога се менуваше цената на билетот, се менуваше и бојата на жетонот. Жетоните се пуштаа во кутија со прозорче која стоеше кај шоферот (и кондуктерот во хармоника автобусите).
Шоферот низ прозорчето гледаше дали е пуштен жетон, а кога сите патници ќе влезеа, со една рачка ги буткаше сите наплатени пари и жетони од таа станица во долниот дел на кутијата. Урбани легенди се дека имаше и „фалсификатори“ на портокалови жетони, кои во касата пуштаа тенко исечен морков со сличен дијаметар :)
Жетоните за сликање ни ги отстапи Александар Гелевски.
Извор: Ретро мк