Јелена Белиќ (32) - по професија архитект. По потекло од Гостивар, живее и работи во Скопје.
Оваа млада фотографка која ги спојува своите интереси за архитектурата и фотографијата се фокусира на различни, помалку очекувани визури на архитектонски објекти снимени на различни локации кои како една целина ги претставува низ градација по тоналитет.
„Фотографијата отсекогаш била еден од моите најважни интереси, но последниве две-три години фотографирам интензивно. Интересно ми е кога фотографирам со друштво, имам неколку пријатели фотографи, и аматери и професионалци, со кои често нешто правиме. Убава е таа размена на идеи, погледи, неретко и опрема; се учи многу, се експериментира, коментира и позабавно е.
Фотографииве за Окно се мошне различни, и временски и локациски и тематски, но се обидов да ги поврзам по тоналитет; тргнувам од црно-бели кон сѐ повеќе боја.“
Фотографиите на Јелена Белиќ се постирани на Инстаграм: belikj.jelena