Трагикомичниот живот на јапонските бизнисмени

20.08.2018 02:42
Трагикомичниот живот на јапонските бизнисмени

Серијата фотографии насловена „ The Man-Machine“ на Дејвид Тесински ги следи јапонските бизисмени како спијат по улици онесвестени од пиење и работа.

Некои заспиваат на улиците, таму каде што се нашле, други дремат возејќи се дома во метрото.

Една фотографија открива дури и двајца луѓе во одела како спијат во „Мекдоналдс“ во идентична поза со главите потпрени на масата. Сето ова е дел од корпоративната рутина.

14 – часовниот работен ден се слева во вечерни сесии на пиење кои често траат до 2 часот по полноќ. Потоа, преморените бизнисмени фаќаат малку сон каде што ќе стигнат, дома или во градот, пред изгрејсонце, на само неколку часа, зашто што повторно мора да се вратат на работа.

„Серијата фотографии ја насловив според песната од групата „Kraftwerk“: „The Man-Machine” и мислам дека е соодветен бидејќи јапонските биснисмени се навистина потсетуваат на роботи“, вели Тесински.

„Уште само пет години и ќе стигнам до повисока позиција во оваа пирамида што никогаш не завршува“, вака тој ја опишува состојбата на умот на овие луѓе. За нив вели дека се како духови фокусирани исклучиво на кариерата без никаква желба за индивидуалност.

И така, секоја ноќ духовите талкаат по улиците на градовите, чекајќи повисока позиција на пирамидата.

Извор: Bored panda

 

ОкоБоли главаВицФото