Прва стрип колонија во Македонија „Велес 2018“

21.08.2018 01:50
Прва стрип колонија во Македонија „Велес 2018“

Од денес (21 август) до сабота (25.08.2018) во Велес ќе се одржи првата стрип колонија во Македонија.

Според организаторите, истата колонија е еволутивен напредок во организирањето на традиционалниот стрип салон,кој секоја година се организира во Велес. На овој начин се имаат решено заради можноста за подолготраен активен контакт и соработка помегу учесниците од разни земји. На првата стрип колонија учествуваат гости од Србија; Рашка, Лесковац и Белград, потоа Црна гора и се разбира, автори од разни генерации од Македонија.

Нивна задача за време на престојот е да нацртаат стрип, без оглед дали е претходно подготвен. Под будното око на специјалниот гостин Владимир Весовиќ од Белград, тие ќе ги развиваат своите способности. Стрип колонијата во Велес ќе се одржува во Средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“

Нацртаните стрипови ќе бидат во конкуренција за првата награда на веќе објавениот интернационален стрип конкурс (рок 20 септември) а со тоа и објавување во ревиите „Стрип Креатор“ и „Алманах“, како и традиционалната стрип изложба, во средината на октомври во Велес.