Професионален трол

21.08.2018 16:28
Професионален трол

Кен Мекарти (Ken McCarthy) преку неговиот профил како Кен М. успеа да постигна невидена слава, нешто што само мал број интернет тролови можат дури и да се осмелат да го сонуваат.

Овој „професионален интернет трол“ има свој subreddit со речиси 400.000 претплатници, а неговата „озлогласеност“ беше таква што College Humor дури и му плати да пишува колумни како „Тролот“ (The Troll) - што го претвори, според неговите сопствени зборови, во „професионален dirtpig". Како што и самиот вели „има нешто катарзично во тролањето тролови“.

Кен Мекарти на интересен начин од сосема неочекувани места на интернет просторот и преку троловски замки го извлекува својот специфичен хумор.

Извор: 60 Second Docs

 

ОкоБоли главаВицФото