Струшките вечери на поезијата низ 50.000 фотографии

25.08.2018 02:02
Струшките вечери на поезијата низ 50.000 фотографии

Пабло Неруда, Десанка Максимовиќ, Матеја Матевски и Блаже Коневски, овие портрети но, и на многу други добитници на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата (СВП), се дело на 78-годишниот фотограф од Струга, Душко Ѓоргон. Дел од иљадниците фотографии, кои, низ речиси шест децениското постоење на фестивалот ги фотографирал денес, се наоѓаат во неговиот домашен фото музеј.

Ги регистрирал најубавите моменти на поетите, од пристигнувањето на аеродром па се до доделувањето на наградите и нивната средба со стружани.

„Имав атеље во кое им правев портрети на поетите, па потоа одевме на садење на дрвцето во „Паркот на поезијата“ во Струга. Ги паметам зборовите на еден поет од Албанија. Кога дојде да му направам портрет и кога виде што се`има тука, му рече на градоначалникот дека треба да ми се помогне околу оваа работа, бидејки тука постои една цела историја“, вели Ѓоргон.

Неговата ќерка вели дека отварањето на овој изложбен простор била дамнешна желба на нејзиниот татко. Дене, ова е место кое што го посетуваат и многу туристи.

„Со оглед на тоа, што јас сум инволвирана и во туристичкиот сектор и носиме туристи од странство, тие на некој начин многу симпатично ја примаат оваа посета, бидејќи како тоа им доаѓа како еден вид на изненадување. На пример, кога ќе дојдат туристи од Италија, тие сакаат да ги видат добитниците на наград од СВП од Италија како што се Сангвинети и Монтале“, рече Светлана Ѓоргон.

Ѓоргон се потсетува дека најубавиот период на фестивалот бил меѓу 70-те и 80-те години на минатиот век, кога цела Струга, живеела за тие неколку дена.

„Требаше само малку, само два три збора да се упатат до гимназијата во Струга и младите односно учениците стануваа на нозе за да дадат свој придонес. Јас бев ангажиран со фото апаратот, еден мој другар беше задолжен за облеката на девојките во носија но, и како да го организира дочекот на поетите на аеродром“, додава тој.

Ѓоргон кој е жив сведок на постоењето на Струшките вечери уште од самиот почеток, вели дека сè додека може ќе продолжи да ги следи, иако од 2011-та година, активно не е присутен. Неговото студио е богато и со многу техника и апарати кои ги користел низ годините, но и многу фотографии посветени на градот Струга, денес и во минатото.

Извор: VOA

Слични содржини

Општество / Активизам / Култура / Теорија / Историја
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Култура / Уметност / Историја
Стрип / Култура / Историја

ОкоБоли главаВицФото