Отаде зборовите

27.08.2018 13:34
Отаде зборовите

Волфганг Тилманс (Wolfgang Tillmans / 1968) е германски уметник со интернационална репутација и бројни изложби низ целиот свет. Тој многу години престојувал во Велика Британија, а во моментов живее во Берлин. Во 2000 година, тој стана првиот фотограф и првиот уметник без британско потекло што ја доби Тарнеровата награда.

Покрај тоа што тој ги експлоатира стандардните жанрови, како портрети, пејзажи и интимни мртви природи, се смета дека Тилманс со специфично врамување на секојдневното ги поместува границите на фотографската форма.

Погледнете го краткото видео на кое е снимен еден ден во друштво со уметникот Волфганг Тилманс во неговото студио во Берлин, додека се подготвува за изложбата во престижниот Тејт Модерн, одржана во текот на 2017 година.
  

Извор: Tate Shots 

Слични содржини

Фотографија / Уметност / Око
Мода / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Живот / Култура / Уметност / Око
Фотографија / Култура / Уметност / Настан / Око

ОкоБоли главаВицФото