Срце

28.08.2018 11:36
Срце

Срце во зградине гаутки, и во зеленилото позади, може и да се изнесат, поместат, спакуваат кристофки.

Hic liber est meus, testis est Deus, qui non vult credere, nomen potet legere:
Срце на хоризонтот, тече Шопен да го влажни сувото во животот,
а срце и во масава, и во листот агнес мартинов, види
срце во цвеќе, срце во збор, срце во овој двор, биди
отворена врата срце во црвено, црна, бела, земјена маска инима
продира срце од мирис на стари страници, срце во музеј, нечија интима.
Срце во шарени чаршафи, се намотувам во нив вивиенски,
кавакубо приказна, а во неа срце од југот, срцето денски
значи кафе настрана, а срце во весникот кругерски барбара,
и тогаш се случува полок на плочките светли рефлексија од надвор каде е сончево срце и во моне бара.
Низ герхард рихтеров прозорец допирам далечини или така се сеќавам, јасност со рок,
па срце во клајн сина значи дека може сум небо или нечија четка или дека можам да предвидам скок
го скицирам под кинeтичка сијаличка колдерка, крај на реченица, срце и во оваа точка кусамка
во ова јаболко, во ова лепче душиче, срце во сусамка.
Срце во зградине гаутки, и во зеленилото позади, може и да се изнесат, поместат, спакуваат кристофки,
отспротива приватни драми, соседи повлекуваат завеси мондриани, срце во јајцава ровки.
Срце на улиците барнет њуманови, на нив забрзан чекор актовки носат магритови службеници,
хуперово пладне на овие стерео сезанови раменици,
срце во реклами ведерфордови мери празни стихови
неон трејси еминува во де кирико мигови,
па срце низ левитови ролетни, врз јајцaта бранкуши соларници мазнат вкусови,
сок од портокал кле џусови.
Срце во ханс хофманов желудник, модиљани тело, па танц матисува, па лебди шагалово
кон жорж сера парк, сисли самотно или лотрек алово,
но пред лоцирање на елементите со бети, срце во списоци узуновки симон
и кајботовски колена на паркетот, да свети дом.
Душамп фонтана, па фриц таулов тушеви, па кандински рабови,
сосе срце во маљевички ѓонови оди да вон штукува набои
со мајбриџ движење по мазеви троатоари хош намонтирани лемпицки
до сињакови паркови, срце во барокни цицки.
Се дерам во експресии мунковски, те сретнувам случајно,
види како нашиот бакнеж е роденски, во вечноста тајно
си разменуваме срце калово, насреде ликови реноарови, касатови,
па срце по проектирани џени холзер скалила, разговори поминуваат спратови,
срце во ван гогови темници, а таму гистав курбево потекло на светот од девет до девет,
а таму хукасаи сонува остварени рибари во анселм кифер кревет.
Рорих планини или овие балкански и перце.
Будно срце.

Ивана Харикли, 2018

Слика:Густав Кајбот

ОкоБоли главаВицФото