Експеримент во Берлин: Атонална музика во метро против дилерите и бездомниците

28.08.2018 13:56
Експеримент во Берлин: Атонална музика во метро против дилерите и бездомниците

За многу луѓе атоналната музика е збунувачка и стресна - вака невролозите ги опишаа лошите ефекти од слушањето на нешто што не е хармонично или компонирано во стандарден клуч.

Имајќи го ова на ум, германските власти имаат намера да пуштаат атонална музика во метрото во Берлин за да ги отстранат дилерите на дрога, зависниците и бездомниците од станиците каде има многу криминал. Експериментот треба да започне следниот месец на станицата „Hermannstrasse“ во живописниот, трендовски дел од градот – „Neukölln“.

Фридеман Кеслер, претставник на железничкиот оператор „Дојче бан“, призна дека експериментот ќе балансира помеѓу отстранувањето на криминалците, но и намалувањето на бројот на патници. Тој вели дека звуците нема да се пуштаат на платформите и дека железницата ќе проба различна јачина на звукот.

Претходните обиди дилерите да се отстранат со помош на класична музика се покажале како неуспешни, бидејќи се чини дека музиката им се допаѓала. Нема шанса тоа да се случи со атоналната музика, вели Кеслер.

Атоналната музика стана позната преку композиторите од 19-иот и 20-иот век, вклучувајќи го и Арнолд Шенберг, чиишто дела беа осудени од нацистите.

Здружението на патници (Игеб) во Берлин, го критикуваше овој план, велејќи дека само ќе ја зголеми бучавата во Берлин. Јенс Визеке, портпарол на Игеб, вели дека подобро би било станиците да се чистат почесто.

Извор: The Times

ОкоБоли главаВицФото