Во драмава има трага од комично и кома од трагично

29.08.2018 00:48
Во драмава има трага од комично и кома од трагично

Во Фејсбук разговорот учествуваат Тања Аждаја, Владимир Мартиновски и Оливера Ќорвезироска.

 

Тања Аждаја
Изградив театар за да си ја оправдам драмата - има трага од комично и кома од трагично.

 

Владимир Мартиновски
И со фар осветлено сатирично, а и со сатар насечкано фарсично.

 

Тања Аждаја
Ми фали уште даска што живот значи за да ја сфатам својата претстава за себе.

 

Владимир Мартиновски
Зад театарските кулиси секогаш има и Хамлети и Тартифи и Улиси.

 

Оливера Ќорвезироска
Абе вие поезија пишувате / не се шегувате!

 

Тања Аждаја
Поезија да пишувам? Не ми паднало на ум;
тоа е ко
живот во дидаскалија
и смрт
во симулакрум.

 

Оливера Ќорвезироска
Или
чувство со аномалија
и љубов
во провалија.

 

Владимир Мартиновски
Улогите се поделени: ти си мој суфлер, јас - твој дублер.

 

Тања Аждаја
Денес ќе се прилагодам ко да нема утре
а утре би оделе на пасо добле и суфле...
или веќе барам преку леб крем бруле?

 

Владимир Мартиновски
Напуштениот носорог декламира тажен монорог.

Оливера Ќорвезироска
Големи најсторишта сте двајцата.

 

Тања Аждаја
Зебрата пред тротоарот аудицира за бина во кулоарот.

 

Владимир Мартиновски
Место Ричард трети слон на трон,
Лебеди Магбет блада во сон.

 

Оливера Ќорвезироска
Критичарка коза
ви пишала дијагноза:
и под дрво ни под камен
вам ви нема рамен.

 

Владимир Мартиновски
Штурецот фалшира во антички хор,
а мравката скандира:
Nevermore!

 

Оливера Ќорвезироска
Што ли ќе Жилиен Сторел,
во „Црвено и црно“
да му дал Стендал?

 

Тања Аждаја
Но не е саде гавранот обвиткан во ноќен дрес,
и црна мачка и црн пес шепи лижат по асфалтот,
и каравански гуми врват в жолчен трк долж асфалтот,
ко некој бол да носат во плетката од гумен вез
проквичеа Хамлетовски: Ту би ор тубелес.
Тоа сал и ниту бес.

 

Оливера Ќорвезироска
Амaн бе инженерке!

 

Тања Аждаја
Не можам да му одолеам на брегот на Неверморе.

 

Владимир Мартиновски
А страчката ни во плоча ни во клин,
од колите вдиши плин,
и сал кракна:
Аб мор,
Ту би ор
Мистер Бин?

 

Оливера Ќорвезироска
Рин-тин-тин!


Слики: Wayne White

 

ОкоБоли главаВицФото