„Цврсти лаги“ на Горан Ристовски во Прима центар Берлин

29.08.2018 00:55
„Цврсти лаги“ на Горан Ристовски во Прима центар Берлин

На 31 август (петок) во 19:30 ч, во Прима центар Берлин ќе биде отворена самостојна изложба на ликовниот уметник Горан Ристовски. Делата со кои се претставува Ристовски e серија од црно-бели фотографски принтови кои го носат насловот „Цврсти лаги“ (Solid Lies).

Според самиот автор таа „произлегува и е инспирација од блиската околина, за објектите и просторите како наши ментални и физички мемории. Ова се визуелни документи, печат, констатирање на овој тип на состојби и естетизирање на процесот на распаѓањето, на заборавеното како човекова постапка кон општеството - објектот како манипулација провлекувана низ времето.“

Горан Ристовски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје, на отсекот за графика, насока графички дизајн. Има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија и странство. Неговата уметничка практика е насочена кон истражување на различни медиуми и тој се изразува преку цртеж, слика, фотографија, инсталација, графика, улична уметност, но најчесто во делата станува збор за комбинирање на повеќе медиуми.

Слики: Горан Ристовски (behance.net/goranristovski) 

ОкоБоли главаВицФото