Зошто денот има 24 часа?

30.08.2018 00:35
Зошто денот има 24 часа?

За придвижување на еден брод наводно е потребно количество на убавина на една минниелена. Оваа шеговита идеја потекнува од драмата на Кристофер Марлоу, „Доктор Фауст“ и е инспирирана од описот на Хомер на Елена Тројанска, која имала лице „што покренува илјада бродови“. Имено ако елена е единица мерка за убавина со која се придвижуваат илјада бродови, тогаш еден брод би можел да се покрене со илјада пати помала величина, односно една миниелена.

Можеби идејата на Марлоу ви изгледа како заплет на виц за бубалици, но во суштина нема причина мерната скала за величината на нешто како што е „количество убавина кое покренува бродови“ да не се поврзе со единица мерка што би била елена. И која би се делела децимално, на децилитри, центи и миниелени.

Речиси сите мерни единици навистина се дефинирани на сличен начин – со договор или конвенција, почнувајќи од начинот на кој ја мериме „договорната“ величина како што е температурата, па сè до начинот на кој го мериме она што го сметаме за природен процес како што е текот времето.

Иако од перспектива на 21-от век делуваат многу природно, секундите, минутите и часовите се само интервали кои човекот, од историски причини, го избрал за мерење на времето. Меѓутоа, времето можело да се мери и во сосема други интервали. Во советска Русија и во текот на Француската револуција биле осмислени календари со сосема поинква организација на бројот на месеци и денови во неделата. Но и денот можел да биде поинаку поделен – да речеме на десет смерглини, така што секој смерглин да има десет турднарки, кои би можеле да бидат поделени на 100 ремлини или можеби, 100 зомгли.

Наместо овие чудни имиња, како основна мерка за време ги користиме добро познатите секунди. Но, ако погледнеме во дефинициите на мерните единици во SI системот, ќе видиме дека секундата иако е единица на која луѓето се навикнати, не е дефинирана на начин на кој на сите ќе им биде очигледна.

Имено, како еталон за време секундата по дефиниција е временски интервал кој трае колку и 9.192.631.770 периоди зрачење што одговара на преминот меѓу два суперфини нивоа на основната состојба на атомот на цезиум 133. Оваа непријатна дефиниција со која атомските часовници го мерат точното време, иако е прецизна и заснована на природна појава, е така дефинирана како дел од договорот за кој во SI системот се грижи Меѓународниот комитет за мерки, со седиште во павилјонот Де Бретеј во близина на Париз.

Но, ако зборуваме за мерките во рамки на една година, постои една вистинска мерка која е втемелена врз природниот процес и условно гледано не е предмет на договор. Тоа е средната должина на денот – времето што ѝ е потребно на Земјата да се сврти околу својата оска, односно времето во кое сонцето на небесната сфера привидно „завртува“ цел круг околу планетата.

Таканаречениот сидерален ден, кој е долг колку што е потребно време Земјата да направи една ротација во однос на ѕвездите „неподвижници“, кога ќе се пресмета во основни единици изнесува 86 164 секунди. Кога ќе размислите, ова е навистина непријатен број, без каква било подлабока смисла, освен што е последица на фактот дека вистинскиот „астрономски“ ден требало некако да се усогласи со традицијата да се дели на 24 делови, кои потоа се делат на 60 минути за добијат секунди.

Инаку, дефиницијата освен што е непријатна, не е доволна кога ќе се земе предвид како се дефинира денот и колку точно трае, па и атомските часовници, според сегашната дефиниција, на годишно ниво губат по една секунда, која со дополнителна конвенција мора да се додаде како „престапна“.

Тоа е така бидејќи работите се дефинирани по обратен редослед – денот не само што е поприроден, туку и многу постар поим отколку часот и секундата. Во не толку дамнешно минато, пред механичките часовници, времето во текот на денот се мерело темпорално – должината на еден час се менувала за да има 12 часа од изгрејсонцето до заоѓањето на сонцето.

Во времето на сончевите часовници, денот од полноќ до полноќ веќе бил поделен на 24 делови. Во реалноста тие не биле еднакви, бидејќи во лето денот е подолг и секој поединечен час, во текот на денот траел подолго.

Инаку, поделбата на денот на 24 делови е постара од поимот за час, а самиот збор потекнува од грчкиот термин за „дел од денот“.

Како што изгледа, таквата поделба на денот дошла од старите Сумерци, но всушност не е позната причината. Постојат неколку хипотези на оваа тема. Според едната, работата е во месечевите мени. Ако древните народи воочиле дека помеѓу две месечеви мени поминуваат 30 денови, а дека во текот на годината се јауваат 12 месечеви мени, токаш на ист начин можело да се дели денот на 12, односно целото деноноќие на 24 делови. Меѓутоа, дури Римјаните строго ја дефинирале годината со 12 месеци, па ова објаснување, во најмала рака е климаво.

Второто објаснување се поврзува со 12-те соѕвездија на Зодијакот кои се вртат на небесната сфера во рок од една година и повторно доаѓаат во истата позиција. Но, ако некогаш сте го набљудувале ноќното небо, брзо ќе сфатите дека изборот на соѕвездија не е баш така недвосмислен и дека поверојатно е дека популарноста на бројот 12 во стар Вавилон влијаела да се издвојат токму толку соѕвездија.

Едно од објаснувањата се поврзува со човечката дланка која наводно ги навела Сумерците денот на 12 делови. Ако го свиткате палецот и ја погледнете внатрешноста на дланката ќе забележите дека секој од четирите испружени прсти ви е поделен на три целини, така што имате 12 еднакви целини. Тоа го олеснвало броењето на часовите во текот на денот, па затоа и денот е поделен на 12 делови.

Со ова оди една добра околност – бројот 24 е деллив со 2, 3, 4, 6, 8 и 12, така што со него многу полесно се пресметува отколку со десет или сто, кога треба да се подели. Но, нема силни аргументи да се прифати или отфрли која било од овие хипотези, не е исклучено за 24 – часовната поделба дадопринеле и сите причини заедно. Во секој случај, ако и кога еднаш ќе се сретнеме со вонземска цивилизација, првото за кое нема да нè разберат е зошто времето го пресметуваме во дваесетчетвртини на едно свртување на планетата.

И толку стравуваме кога премногу брзо поминуваат.

Извор: Vreme nauke

 

ОкоБоли главаВицФото