Луѓе постари од 40 години треба да работат 3 часа дневно

30.08.2018 14:04
Луѓе постари од 40 години треба да работат 3 часа дневно

Научниците утврдиле дека когнитивната ефикасност на средовечните луѓе е подобра кога работат до 25 часови неделно. Од друга страна, перформансите се намалувале кога надминале 25 часови работа заради замор и стрес.

Оваа студија која е објавена во „Melbourne Institute Worker Paper“, вклучувала и редица когнитивни тестови. Учествувале 3000 мажи и 3500 жени кои биле анализирани од аспект на нивните работни навики. Една од задачите на испитаниците била да читаат на глас и да рецитираат пописи на броеви.

Се мерела нивната способност за меморирање и размислување и тоа извршно и апстрактно мислење. Се утврдило дека испитаниците кои работеле 25 часови имаат најдобри резултати, додека оние кои работеле 55 часови биле полоѓи дури и од невработените испитаници.
Како што вели професорот Колин Мекензи од Универзитетот Кеио, еден од тројцата автори на студијата: Многу земји ќе ја зголемат старосната граница за пензионирање, а тоа значи дека сè повеќе повозрасни луѓе ќе продолжат да работат.

Степенот на интелектуална стимулација може да зависи од работното време. Работата ја стимулира активноста на мозокот, но истовремено долгото работно време може да предизвика умор и стрес, што може да ги оштети когнитивните функции.

„Истакнавме дека разликите во работното време се важни за одржување на функционирањето мозокот кај средовечните и постарите луѓе“, вели тој.
Причината заради која работењето повеќе од 30 часови неделно е штетно за мозокот, додека помалку часови работа позитивно влијаат врз мозокот, сè уште не е позната.

Треба да се спомене дека резултатите веројатно ќе се разликуваат од држава до држава во зависност од годишните одмори. Тешко е да се контролираат сите фактори кои придонесуваат за конечните резултати на таквото истражување (видот на работа), но секако идејата за цело работно време до 67- годишна возраст се чини крајно непривлечно.

Поентата на истражувањето е дека работењето цело работно време кај луѓето постари од 40 години е штетно за мозокот, па владите треба да го земат предвид ова истражување кога одлучуваат за годините за пензионирање. Во овој момент, американската државна пензија за личност родена 1989 година, почнува на возраст од 68 години што е штетно за вработениот и непродуктивно за работодавците.

Извор: Infopult

 

ОкоБоли главаВицФото