Што е новинарот денес?

31.08.2018 01:38
Што е новинар денес?

На прашањето Што е новинар денес? одговараат новинари и новинарки од Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово и Црна Гора, во контекст на условите во кои работат и притисоците на кои се изложени однадвор, но и внатре во своите редакции.

Видеото е дел од поголемо истражување според кое дури 70 отсто од анкетираните новинари во регионот од петте земји би ја смениле работата или редакцијата во која работат, а главните причини се ниските плати (42 отсто) и цензурата во редакцијата (15 отсто).

Голем дел од анкетираните посочиле дека не се слободни јавно да зборуваат за притисоците со кои се соочуваат во редакцијата. Како дел од овој проект реализиран низ партнерство на шест регионални новинарски здруженија, неодамна во Скопје беше промовирана и публикацијата “Невидливо насилство: Стории од редакциите”.