Повик за учество на работилница „Книжевноста и сценскиот настап“

31.08.2018 15:57
Повик за учество на работилница „Книжевноста и сценскиот настап“

Во рамките на книжевниот фестивал Друга приказна
на 6 (од 11 до 15 часот) и 7 (од 11 до 13 часот) септември ќе се одржи работилница „Книжевноста и сценскиот настап“.

Водителка ќе биде Сибила Петлевски, писателка, професорка и перформерка од Загреб.

Една од целите на фестивалот е да ја приближува книжевноста кон другите родови на уметноста, и да ги меша. Во таа насока ќе биде и оваа работилница. Но, ќе се обидеме да бидеме и практични и на учесниците на работилницата да им пренесеме конкретни вештини поврзани со сценското претставување на книжевноста.

Темата на работилницата, се разбира, е поврзана и со темата на фестивалот: Идентитетот како претстава. Секој перформер, на пример, има неколку тела: она во кое публиката го препознава со оглед на претходните изведувачи и на општите културни кодови; она во кое на сцената ја изнесува посебноста на својата изведба; и она најмалку видливото, но од кое изведувачот / изведувачката го црпат помнењето на личната историја. Значи, „сценските работници“ (меѓу кои сè повеќе спаѓаат и писателите / писателките) можеби најмногу ја чувствуваат флуидноста на телото како стабилен извор на еден идентитет. И за тоа ќе се разговара (& гестикулира:) на работилницата со Сибила Петлевски.

Пријавите испратете ги на: kalia.dimitrova@gmail.com

 

Сибила Петлевски

Наградувана поетеса, драматург, новелистка, перформерка и книжевна преведувачка. Авторка е на повеќе од дваесет книги од различни жанрови. Редовен професор на Академијата за драмски уметности на Универзитетот во Загреб, доктор по хуманистички науки, научник од подрачјето на интердисциплинарно проучување на уметноста. Член е на L'Académie Mallarmé и l’Académie Européenne de Poésie. Била претседател на хрватскиот центар PEN и член на меѓународниот одбор PEN International. Почесен член на македонскиот и францускиот ПЕН. Уредница е на хрватски и на интернационални списанија. Пишува на хрватски и англиски јазик.

Поезија: Kristali (1988.); Skok s mjesta (1990.); Sto aleksandrijskih epigrama (1993.); Babylon (2000.); Heavy Sleepers (2000.); Libitina (2002.); Spojena lica (2006.); Spojena lica/Spoeni lica/Joined Faces (2009.). Проза: Francuska suita (1996.); Koreografija patnje (2002.); Noćni trening (2006.); Moj Antonio Diavolo (2007.); Vrijeme laži - Tabu I. (2009.), Bilo nam je tako lijepo! - Tabu II. (2011.), Stanje sumraka - Tabu III. (2013.). Драма: Ledeni general (Eisgeneral) (2005.); Cagliostro Forever, libreto; (2007.); Rimbaud’s House (Rimbaudova kuća) (2007.).

Слични содржини

Книжевност / Настан

ОкоБоли главаВицФото