Во потрага по нов европски секуларизам

01.09.2018 00:05
Во потрага по нов европски секуларизам

Во Европа во моментов владее вишок популизам. Популистичките партии, без оглед дали се левичарски или десничарски, се во рекорден број кога станува збор за парламентарното застапување. Различните социоекономски и социокултурни кризи од 2008 година им насочија ветар во грбот на актерите кои шират песимитична и ксенофобична атмосфера. Во разни делови од Унијата, дискусиите околу идентификацијата која се однесува на религијата и секуларизмот станаа сè повеќе значајни. Затоа е важно да се продолжи со дискусии за идниот развој на секуларизмот.

Историски гледано, секуларизмот со својата појава значел напредок за Европа. Нештата станувале подобри за оној што немал потреба да верува во Бог, како и за оној што имал потреба да избере свој начин како да верува. Луѓето почнале да ги критикуваат и испитуваат угнетувачките институции како државните цркви и кралските семејства кои сметале дека имаат моќ дадена од Бога. Секуларизмот на многу начини значел прогресивен развој кој одел рака под рака со барањата за демократија, човекови права, научни достигнувања како и повеќе инклузивни општества, на пример за разните тогашни христијански и еврејски заедници.

Затоа е парадоксално што националните популисти во северните и западните делови од Европа денес се помалку или повеќе политички силни токму во областите кои во глобалниот поглед се сметаат за најмногу секуларни. Шведскиот комичар Магнус Бетнер се шегуваше дека „во Шведска никој не верува во Бог, но сите веруваат во нешто (свое)“. Истовремено, во Шведска зајакна националистичката партија Шведски Демократи која меѓу другото сака да ја врати, да ја реинсталира државната црква и која смета дека исламот не е дел од шведското општество.

Причина за развој на националниот популизам во северните и западните делови од Европа е и тоа што популизмот е променет. Роџерс Брубејкер, еден од познатите академици кои го проучуваат полето на национализмот, смета дека националните популисти впрочем го имаат „цивилизационализмот“ на политичката агенда. Конструкцијата на цивилизационизмот е слична на претходниот десничарски популизам кој бил заснован на анти-семитизмот и Евреите како „внатрешни непријатели“. Денес тие улоги кај популистите ги заменија исламофобијата и муслиманите.

Како што претставува Брубејкер, цивилизационизмот се заснова на тоа што христијанството, секуларизмот и либерализмот во комбинација се претставуваат како цивилизациски отпор во борбата против исламот. На пример, христијанството се користи за да се прикаже дека христијанските општества биле слободни некогаш одамна, пред ерата на имиграциите. Секуларизмот се користи како начин да се редуцира, да се намали визуелноста на муслиманите во општеството и на јавните места, додека либерализмот се користи за да се прикаже дека либералните вредности како слободата и еднаквоста се под закана и дека исламот се смета за нешто што е против „нашиот начин на живот“.

Истовремено, цивилизационизмот не е појава која е присутна само кај националистите. Имено, тој се јавува и кај другите политички актери, на пример кога конзервативците во Франција им забрануваат на жените да носат бурки на плажите или кога конзервативно настроените либерали во Шведска се залагаат за забрана на нови конфесионални (муслимански) училишта, кога во Холандија зборуваат дека имигрантите треба да го слават Велигден итн. Очигледно е дека многу политички актери во ЕУ веќе не гледаат разлика помеѓу она што е индивидуално и групно, она што се смета за политичка и културна вредност и однесување. Сето тоа се меша во комуникацијата за „нашата“ култура, начинот на живот и вредностите.

Таквиот политички развој на популизмот испраќа сигнали дека другите политички и општествени актери мораат да најдат нови алтернативи за секуларизмот. Да им се препушти монополот на идентитетите и секуларизмот на националистите би значело опасност за отворените општества и либерално-демократскиот поредок во Унијата каде треба да владее слободата на вероисповедта и поединецот.

Социологот Улрих Бек сметаше дека во Европа е потребен сличен процес како секуларизмот кој би довел до космополитски држави и интеркултурални општества каде религијата и нацијата би биле одвоени од државата. На тој начин државите повеќе би имале конститутивен секуларизам и патриотизам а аспектите како националната или религиозната припадност би биле индивидуални додека институциите како правната држава, демократијата и човековите права би биле поважни за чувството на колективна идентификација и општествена заедница.

Илустрации: Yevgenia Nayberg

Извор: https://www.xxzmagazin.com

ОкоБоли главаВицФото