Емпатија и љубов

03.09.2018 23:47
Емпатија и љубов

„Мојата работа секогаш призлегува од емпатија и љубов“, вели американската фотографка Нен Голдин.

Нен Голдин (Nancy “Nan” Goldin / 1953) почнала да фотографира како тинејџерка во Бостон, Масачусетс. Нејзините најрани дела, црно-бели слики на трансвестити, беа прославување на субкултурниот животен стил на заедницата на која ѝ припаѓаше и која продолжи да ја документира во текот на 1990-тите. Во овој период, Голдин почна да прави слики од пријатели кои умираа од СИДА и ги документираше своите искуства патувајќи низ Азија.

Во ова интервју за TateShots, Голдин ја претставува нејзината книга, „Едем и потоа“ (Eden and After, 2014); колекција од портрети на деца што ги фотографирала - еден од актуелните фотографски мотиви на уметникот. Книгата вклучува портрети на децата на блиски пријатели на Голдин, зачувувајќи моменти од бременоста до тинејџерските години и нудејќи едно интимно преиспитување на наративот за детството. 

Извор: TateShots 

Слични содржини

Фотографија / Наука / Око / Историја
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Активизам / Фотографија / Свет / Уметност / Око
Мода / Фотографија / Филм / Око
Фотографија / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око

ОкоБоли главаВицФото