1019 hPa
68 %
16 °C
Скопје - Нед, 06.09.2026 03:59
.jpg)
Мнозинството македонски граѓани сакаат да се реши спорот за името со Грција и Македонија да стане членка на Европската унија и на НАТО, во пресрет на референдумот на 30 септември.
Вкупно 57 проценти од анкетираните, од кои 37 отсто „целосно“, а 20 проценти „донекаде“ го поддржуваат предлогот Македонија да се зачлени во ЕУ и НАТО под новото име „Република Северна Македонија“.
Истиот број (57 отсто) веруваат дека придобивките од членството го оправдуваат прифаќањето на новото име. Половина од анкетираните (49 проценти) имаат намера да гласаат за решавање на спорот за името, споредено со 22 проценти, кои ќе гласаат против предложената промена.