1020 hPa
94 %
17 °C
Скопје - Сре, 18.09.2024 12:59
Не е најлошата земја за живеење, ни случајно. Имаш пиратски изданија на најновите филмови и игри, можеш да се закачиш на вајфај, имаш големи недовршени или, пак, бомбардирани градби, можеш со години да не платиш билет за јавен превоз или нешто друго да не плаќаш – со години, можеш да живееш до (својата!) смрт со родителите и да не работиш, дури ни садови да не измиеш (ако си син), можеш да тепаш жена / сестра / татко / мајка / деца, а никој ништо да не ти пререче, можеш да пиеш пред продавница или трафика и на вересија, имаш пекарници и продавници што по 24 часа се отворени за бурек кога ќе те фати глад по дувањето трева, дежурни клиники што се бесплатни и сè и сешто ако ти пукне филмот кога не е време, таканаречени сплавови со млади жени што се по забавата… имаш ракија мајка и пиво леб… можеш за сè (Неа, Србија) да ја обвинуваш, за сè, оти таа е виновна, и така да ти мине времето на земјава. Ебејќи ѝ мајка.
А Таа можеби не ни постои. Можеби никогаш не ни постоела.
Превод: Магдалена Хорват
Даница Вукиќевиќ (р. 1959) е поетеса, прозаистка, лекторка и феминистка што живее и работи во Белград. Од изборот од нејзината кратка проза објавен на Окно го издвоивме „Напуштањето на Србија“ за рубрикава оти ни се чинеше како да зборува и за нашата земја. – М. Х.