1017 hPa
54 %
24 °C
Скопје - Саб, 07.09.2024 22:59
Со поетскиот перформанс: „Идентитетот е претстава?“ во кој учествуваа Сибила Петлевски, Прота Шкарт и Биљана Космогина и како водител Ѓорѓе Јовановиќ, започна третото издание на скопскиот книжевен фестивал за мали фикции Друга приказна.
Потоа се одржа дебатата „Идентитетот како претстава“ во која учествува Славчо Димитров, Сибила Петлевски и Петра Митиќ, ја водеше Никола Гелевски, кој рече дека главната фестивалска тема била избрана и заради актуелниот момент во македонското општество и референдумот за промена на името на државата и за влегување во ЕУ и НАТО.
„Несомнено е дека нашите позиции, и како поединци и како фестивал, се проевропски и во насока на поврзувања, регионални и глобални. Се разбира и дека нашата позиција е повеќе културно - уметничка отколку политичка, но преплетот на тие позиции некогаш е неизбежен, а некогаш и продуктивен“, рече Гелевски.
Хрватската писателка Сибила Петлевски рече дека отпрвин сакала да одбие да учествува во дебатата затоа што 20 години, како што рече морала да зборува за идентитетот.
„Пред сè за својот идентитет, кој не беше секогаш добро прифатен, заради тоа што сум жена, заради тоа што сум слоевита и имам една особина да ја кажувам непопуларната вистина. За мене не беше најголемата опасност кога на државната телевизија ме прогласуваа за државен непријател, кога ми се закануваа, кога ме прогонуваа да се вратам во Македонија „земјата на џуџињата“, кога ми праќаа мои фотографии со црна лента за да знам што ми се подготвува, за мене најлошата фаза беше онаа на целосно игнорирање.
Петра Митиќ рече дека само на академско ниво се оперира со термините на другоста, а во стварноста сме склони да ги заборавиме другите на кои навистина им треба помош.
Славчо Димитров рече дека според него брањето некој да се идентификува е во основа насилно барање. „Во контекст на актуелниве случувања и превирања во Македонија, за мене враќање кон идентитетското прашање е враќање на насилството, без разлика на која страна на стоиме и на аргументите што се нудат од двете доминантни страни“, рече тој.
На отварањето на фестивалот „Друга прказна“ настапи и белградскиот бенд ЕПП.
Инаку, познатата хрватска писателка со македонско потекло, Сибила Петлевски во рамки на фестивалот одржа работилница „Книжевноста и сценскиот настап“.
Програма за денеска (08. септември)
18.00 часот
Претставувања на учесниците (трет дел)
Радмила Лазиќ и Даница Вукиќевиќ со Оливера Ќорвезироска
Енес Халиловиќ и Никола Гелевски
Инга Жолуде и Владимир Јанковски
(промоција на книгата „Утехата на Адамовото дрво“)
19.30 часот
дебата: „„But thy name that is my enemy“
Учесници: Владимир Милчин, Марко Погачар, Тања Ступар-Трифуновиќ, Дејан Илиќ
Водител: Артан Садику
21.30 часот
„ОВДЕ ПАЃААТ КРУПНИ ЗБОРОВИ“ (натпревар со „едноминутни новели“)
Учесници: Оља Савичевиќ Иванчевиќ, Марко Погачар, Радмила Лазиќ, Даница Вукиќевиќ, Енес Халиловиќ, Стефан Бошковиќ, Иван Димитров, Биљана Космогина, Стефан ТиЌми (Митиќ), Тања Ступар-Трифуновиќ, Владимир Лукаш, Исток Улчар, Ивана Харикли, Ѕвездан Георгиевски, Ненад Јолдески, Сања Михајловиќ Костадиновска, Иво Петровски, Зоки Спијач, Далибор Плечиќ...
Водители: Ѓоко Здравески и Прота Шкарт
Фотографии: Јелена Белиќ