Вториот ден на фестивалот Друга приказна #3

08.09.18 18:03

Доделена наградата на Друга приказна на лауреатката Оља Савичевиќ Иванчевиќ

Вториот ден на книжевниот фестивал Друга приказна помина во знакот на годинешната лауретка, хрватската писателка Оља Савичевиќ Иванчевиќ. Публиката во Музејот на современа уметност каде што се одржува фестивалската програма, имаше можност да го види краткиот филм „Балавица“ во режија Игор Мирковиќ, снимен според расказ на Савичевиќ Иванчевиќ. Потоа низ разговорот што го водеше Владимир Мартиновски беше претставено творештвото на авторката.

Оља Савичевиќ-Иванчевиќ е родена на 16 септември 1974 година во Сплит. Пишува поезија, проза, колумни. Авторка е на шест поетски збирки, на книгата раскази „Да се насмее пес“ и на два романа, „Адио, каубоју“ (2010) и „Пејач во ноќта“ (2016).

За ракописот „Да се насмее пес“ е наградена со наградата „Прозак“, како најдобра авторка на проза до триесет и пет години.

По разговорот на лауреатката ѝ беше врачена наградата, што веќе традиционално, третпат ја изработува познатата македонска дизајнерка Биби Клечакоска како оригинално уметничко дело.

На втората вечер на фестивалот беа претставени и делата писателите Марко Погачар од Хрватска, во разговор со Никола Гелевски, Шпетим Селмани од Косово, со кој разговараше Артан Садику и Стефан Митиќ од Србија во разговор со македонскиот поет Ѓоко Здравески.

Како дел од програмата на „Друга приказна“ беше промовирана и книгата „Зошто феминизам?“ од српската теоретичарка Петра Матиќ. Разговорот со авторката од Белград го водеше Ирена Цветковиќ.

Специјални музички гости на Друга приказна 018 се и белградскиот бенд ЕПП.

Друга приказна

Повеќе фотографии од Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото