1008 hPa
68 %
17 °C
Скопје - Нед, 15.09.2024 16:00
На третата вечер на скопскиот книжевен фестивал „Друга приказна“, што се одржува во МСУ, беа претставени творештвата на познатата српска поетеса Радмила Лазиќ, потоа и на Даница Вукиќевиќ со кои разговараше Оливера Ќорвезироска. Никола Гелевски го претстави гостинот од Србија, Енес Халиловиќ. Публката се запозна и со младиот црногорски поет и сценарист Стефан Бошковиќ низ разговорот што го водеше Калиа Димитрова.
Веднаш потоа се одржа промоцијата на книгата „Утехата на Адамовото дрво“ во издание на „Готен“, а со авторката Инга Жолуде од Литванија, разговараше Владимир Јанковски.
На дебатата насловена „But thy name that is my enemy“ учествуваа Марко Погачар од Хрватска, Тања Ступар-Трифуновиќ од Босна и Херцеговина и Дејан Илиќ од Србија. Дебатата ја модерираше Артан Садику.
Како и секоја година најмногу публика привлекува натпреварот „ОВДЕ ПАЃААТ КРУПНИ ЗБОРОВИ“, во кои писателите имаат две минути да ги кажат своите мали новели или песни, а петчлена жири комисија ги оценува со оценки од 1 до 5, апубликата навива за своите фаворити.
Годинава ушествуваа: Оља Савичевиќ Иванчевиќ, Марко Погачар, Радмила Лазиќ, Енес Халиловиќ, Стефан Бошковиќ, Иван Димитров, Биљана Космогина, Стефан ТиЌми (Митиќ), Тања Ступар-Трифуновиќ, Владимир Лукаш, Ивана Харикли, Ѕвездан Георгиевски, Ненад Јолдески, Сања Михајловиќ Костадиновска, Иво Петровски, Зоки Спијач, Далибор Плечиќ, а водители беа Ѓоко Здравески и Прота Шкарт.
Писaтелите читаа во неколку кругови, а до финалето стигнаа Енес Халиловиќ и Радмила Лазиќ, која беше победничка.
Фотографии: Јелена Белиќ