Со воведувањето специјални царини Доналд Трамп ги разочара Канаѓаните, а со најавите дека со економски уцени ќе ја направи Канада 51-ва американска држава ги разгневи.
На сите спортски натпревари (NBA, NHL etc.) во Канада, кога гостуваат американски тимови, публиката со свирежи ја „поздравува“ американската химна.
Во канадските печатени магазини и на социјалните мрежи се објавуваат и споделуваат списоци со американски компании што треба да се бојкотираат. Како резултат на тоа, на пример, Канаѓаните полнат гориво на пумпи од канадски компании, а на бензиските пумпи на американски компании ретко се гледаат возила.
Канада и САД беа најголеми пријатели, а Трамп успева да го уништи тоа пријателство. Гнев деновиве се таложи и кај Мексиканците, Колумбијците, Панамците итн.
Но, политиките на Трамп ги обединија Канаѓаните како ништо друго во минатото.
Со сигурност знаеме дека хомосапиенсот потекнува директно од македонскиот бел стаорец-итроман што пред 65 милиони години, кога умирале џиновските рептили, решил пар децении да престојува во своите подземни простории, во безбеден земјен меур. Кај македонскиот сапиенс тој меур со тек на времето еволуирал во ментален, во една сосем специјална дарба за неразбирање која обично ја нарекуваме глупост.