1007 hPa
94 %
17 °C
Скопје - Вто, 10.09.2024 22:59
Четвртиот ден на книжевниот фестивал Друга приказна #3 во еден свој дел беше посветен на промоциите на седум нови книги во издание на Темплум од тројца автори: Ѕвездан Георгиевски („Урбани топоними“ и „Една недела...“), Кирчо Арсовски (два тома цртежи) и Димитрие Дурацовски (три тома собрани дела). Изданијата ги промовираа Оливера Ќорвезироска и Никола Гелевски.
Беше претставено и творештвото на гостите на фестивалот: Тања Ступар-Трифуновиќ во разговор со Владимир Јанковски и на Биљана Космогина со која разговараше Ивана Харикли.
На крајот се случи и музички перформанс „Звук Караџиќ“ во кој учествуваа Прота Шкарт, Владимир Лукаш, Ѓорѓе Јовановиќ, Јордан Костов, Ивана Харикли и Роман Столијар, музичар од Русија.