ПичПрич на Оревче

12.09.2018 02:15
ПичПрич на Оревче

Еден од поинтересните настани, летово, беше ПичПрич на Оревче во Охрид. Насловот е „Длабоко во ноќта“, а по еден месец достапно е и видеото од настанот.

Учестуваат: Илина Арсова – ликовна уметница, првата жена на Монт Еверест од Македонија, активистка за животна средина, кралицата на Лагадин, жена што „буквално и метафорично оди нагоре.

Своја приказна има Долорес Атанасова – Лори, поетеса и професорка по англиски јазик, Охриѓанка, жена со прониклив, бистар ум – и јазик.

Ирена Цветковиќ е еден од најмоќните и најхрабрите гласови кои ги застапуваат правата на маргинализираните заедници. Таа е истражувачка, докторка по родови студии, извршна директорка на Коалиција Маргини, духовита и човечна.

Верица Недеска, една од најдобрите македонски глумици, која е сценаристка, режисерка и пеачка.

Последниот раскажувач е Кочо Андоновски, борец за човекови права и нудист.

Водителки на разговорот се Румена Бужаровска и Ана Василева.

ОкоБоли главаВицФото