1008 hPa
93 %
7 °C
Скопје - Пон, 09.02.2026 23:59
Дунав растеше од ден на ден. Лебедите, кај Венеција, лесно се нишкаа како ништо да не се случува. Некој човек пушти пес од подводник, и извика по него: Сакаш во вода? Песот се сврте и го погледна. Човекот командуваше: Ајде, Цезар, оди во вода, влези во вода, Цезар. Песот потрча кон водата. Човекот довикна: Ајде сега! Ајде сега! Песот заплива. Човекот се продра: Не понатаму! Пази, Цезар, пази! Водата е студена! Но песот веќе не го слушаше, или не сакаше да биде послушен. Пливаше, пливаше, додека не исчезна. Газдата очајно залелека: Цезаре, Цезаре, ти реков!
Превод: П. В.