Вејтс и Рибо: Бела чао

14.09.2018 09:18
Вејтс и Рибо: Бела чао

Гитаристот Марк Рибо објави нова песна од неговиот нов албум „Песни на отпорот 1948 - 2018" (Songs of Resistance 1948 – 2018), кој се очекува да излезе денес (14 септември). Како вокал во „Бела чао“ е вклучен долгогодишниот соработник на Рибо, Том Вејтс. Тоа е првата песна во последните две години во која учествува Вејтс.

„Бела чао" (Bella Ciao) е италијанска антифашистичка фолк балада. „Му отсвирев на Том неколку ноти и тој веднаш се најде во неа“, изјави Рибо. „Се разбира, тој дава одреден печат на сè што прави - моите италијански пријатели велат дека звучи токму како стар „партиџано“ (партизан)!“


„Песни на отпорот од 1948 – 2018“ (Songs of Resistance 1948 – 2018) Рибо ги опиша како протестна плоча. Во соопштението за медиумите, гитаристот рече: „Секое движење кое некогаш освоило нешто имало песни“. Песните на отпорот исто така ги интерпретираат и со Стив Ерл, Џастин Вивиен Бонд, Сем Амидон и многу други.

Слушнете го синглот и погледнете го видеото на Џем Коен во кое се прикажани снимки од демонстрациите против Трамп во Вашингтон.  

Извор: Pitchfork

Слични содржини

Книжевност / Музика / Око
Музика / Око
Технологија / Музика / Око
Музика / Око
Музика / Око / Музички спотови
Култура / Музика / Око
Фотографија / Музика / Око

ОкоБоли главаВицФото