Бил Гејтс, Марк Закерберг и Ванчо Чифлиганец

15.09.2018 13:39
Бил Гејтс, Марк Закерберг и Ванчо Чифлиганец

Веста за промоцијата на книгата за филантропијата на бизнисменот Ванчо Чифлиганец, чиј автор е Венко Андоновски и на која присуствувале и премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев, предизвика реакции на негодување и одбивност на социјалните мрежи. Еве дел од нив:

Билјана Бејкова
„Филантропијата на проф. д-р Ванчо Чифлиганец“
Читам и не ми се верува или подобро, ми се верува ама ми е тотално бљак:
Во Стопанската комора на Македонија, во Скопје, во присуство на претседателот на владата Зоран Заев, заменик премиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, градоначалници, академици, директори, банкари и видни личности од бизнис заедницата, политичкиот, општествениот и јавниот живот, денес беше промовирана книгата „Филантропијата на проф. д-р Ванчо Чифлиганец“, најново дело на истакнатиот македонски писател Венко Андоновски.
Или ова: „Авторот Андоновски, анализирајќи ги Бил Гејтс ( основачот на „Мајкрософт“ ), Марк Закерберг ( основачот на „Фејсбук“ ) и други познати светски филантропи, во книгата истакнува дека наспроти глобалниот филантрокапитализам, нашата македонска филантропија, низ примерот на Чифлиганец, покажува еден нов феномен на повеќе „капиларни“ невидливи, филантропски дарувања за помагање на клетките и ткивото на општеството.“

Искра Спрак
Катастрофа

Суад Мисини
Бидејќи работите оделе на клеточно ниво, веќе нема сомнеж дека таму имало многу осмоза

Билјана Бејкова
Блазеси ѝ на клетката

Суад Мисини
...туку, она отварање на онаа чешма со која го закопаа груј, ќе биде benchmark за заев? Сирот човек, ќе му ебат мајката тие што го шетаат лево десно...нема да куртули од спрдачина за навек...и овој клеточен настан, со васкуларни димензии, покажува дека и со премиерската функција може да се бришат кондури...

Билјана Бејкова
После ЕП, да одиш на ова, навистина човек да се праша, што ѝ е на клеткава.

Суад Мисини
Тромбоза...?

Билјана Бејкова
МогуЧе

Јасмина Кузмановска
Не знаеш кој е помизерен

Ванчо П. Костурски
Флуиди, течности...како да ти кажам

Елисавета Бејкова
Стопанската комора со што се занимава?! А и Владата на што си го арчи времето?! За Чифлиганец излишен е секој коментар. А за писателот на што си расипува талентот?

Лазо Lucky Милев
Работава е: имам пари, можам да си купам книга за мене

Владимир Петрески
На Запад изнајмуваат ПР агенции, овде изнајмуваат премиери и писатели кога сакаат да си го почешаат егото...

Сабина Факиќ
Имаме квази интелектуалци од сите области купени односно поткупени од богаташи на кои парите им се толку валкани што ни УЈП не смее да ги праша за потеклото на капиталот...

Мирјана НајчевскаНавистина?
Станавте другарчиња?
Кое валкање на зборот уметност и зборот наука. Која хипокризија. Кое малограѓанство.
Ќе го обновите и проектот на Груевски за преведување и печатење научни книги и присила на професорите да ги употребуваат?
Ќе почнете по ред да магистрирате и докторирате?
Ќе си нарачувате книги и потоа свечено ќе ги промовирате?
Ма многу е тажно.

Слика: Свирачиња