Дали вештачката интелигенција нè прави глупави?

17.09.2018 02:50
Дали вештачката интелигенција нè прави глупави?

Вештачката интелигенција постои уште од педесеттите години на минатиот век, кога Алан Туринг го објавува својот труд „Computer Machinery and Intelligence“. Во овој труд Туринг дискутира за изградбата на интелигентни компјутери и како да се тестира нивната интелигенција. Главниот проблем со кој се соочуваат научниците во тоа време и во годините што следат e малата моќ на компјутерите.

Понатаму, цената на компјутерите во тоа време и прилично висока, спротивно од денес. Просечната цена на изнајмување компјутер во педесетите е 200.000 долари. Затоа, разбирливо е што само универзитетите и големите компании биле во можност да си дизволат толкав трошок. Денес компјутерите се лудо евтини и брзи, така да не е за изненадување што се насекаде.

Кога ќе кажеме вештачка интелигенција, првото нешто што би ни паднало на памет е одметнат суперкомпјутер кој пробува да освои светот. Оние со попрактичен ум веднаш помислуваат на автоматизација. Од распоредот на работните задачи до, се разбира, маркетингот. Маркетингот е една од областите каде вештачката интелигенција ја покажува најдобро својата практична примена и основниот принцип, а тоа е архивирањете, заедно со резонирањето и делувањето.

Иако овој основен принцип е усовршен речиси до перфекција и е испреплетен со нашите комплексни секојдневни активности, до тој степен не го забележуваме; маркетинг компаниите се уште, во голема мера, се потпираат на информирани избори, во кои е вклучен елементот на претпоставка и погаѓање. Причина за ваквиот метод на работа е што маркетинг секторот се фокусира на збирка на информации, барајќи најсоодветен начин да ги искористи. Напредокот на вештачката интелигенција ќе овозможи поефикасна употреба на насобраните лични информации. Значи, алгоритмите ќе станат покомплексни.

Во моментов, секое парче информација што ја оставаме на интернет, се анализира со цел на купувачите да им се пристапи со што поперсонална реклама.

Непотребно е да се каже дека ваквото заедничко купувачко искуство го зголемува и го потенцира инстинктот на стадо се со цел купување што повеќе продукти кои се перцепираат како популарни. Фидбек механизмот за перцепираната популарност на продуктот е моментот каде вештачката интелигенција и останатите нови технологии брилјираат.

Паметните картички и RFID технологијата не само што го олеснуваат купувањето, им даваат попрецизен увид на маркетинг компаниите во купувачките навики, и побрзо ги вклучуваат новите истражувања во конзумеристичкиот пазар, како на пример моделот на „движење на толпата“ кој сè повеќе е прифатен од страна на супермаркетите и шопинг центрите бидејќи го зголемува купувањето без потреба за нудење попусти.

Вештачката интелигенција го трансформира маркетингот со еволуцијата на пребарувачките енџини, системот за препораки, четботовите и анализата на глас. Пионерите в ооваа област, како Google и Facebook,го трасираа патот на целосно нов вид маркетинг претприемачи и нови начини за пристап кон купувачот. Сепак, треба да се запрашаме, дали овој „процес на сугестии“ ни ја намалува и слабее способноста да донесеме што поправилна одлука кога купуваме продукт?

ОкоБоли главаВицФото