Влијателниот градоначалник на Лондон ја поддржа идејата за нов референдум за Брегзитот

17.09.2018 13:30
Влијателниот градоначалник на Лондон ја поддржа идејата за нов референдум за Брегзитот

Влијателниот лондонски градоначалник Садик Кан, повика на одржување нов референдум за прашањето на британското членство во Европската унија и со тоа му изрази поддршка на движењето кое се нарекува „Гласот на народот“.

Да се потсетиме, Британија веќе одржа референдум, таканаречениот Брегзит референдум, и мнозинството избра да ја напушти Европската унија. Но, противниците на таквата идеја веќе одредено време дејствуваат да не се почитува волјата на граѓаните и на некој начин излегувањето од ЕУ да се обиде да се спречи или барем да се ублажи до таа мера што Британија и натаму би останала силно поврзана со ЕУ.

Во согласност со резултатите од одржаниот референдум Британија би требало да ја напушти ЕУ до 29 март следната година. Но, бидејќи премиерката Тереза Меј очигледно не е во состојба да состави адекватен план за „развод“, некои сега заговараат идеја за нов референдум на кој британските граѓани уште еднаш би кажале што впрочем сакаат.

Кан исто така се залага за референдум, а со тоа воедно и врши притисок во врвот на својата партија, Лабуристичката партија, и лидерот Џереми Корбин од кого исто така се бара да ја поддржи идејата за нов референдум, а тој засега сè уште одбива да го направи тоа.

Извор: https://www.reuters.com

ОкоБоли главаВицФото