Наши пејзажи

21.09.2010 13:53
dubravka_ugresic.jpg

Неодамна Дубравка Угрешиќ ја објави својата книга есеи Напад на минибарот. За караоке културата, за симплицифираната рецепцијата на уметноста и за букварите како место на идеологијата можете да прочитате во интервјуто што го објавуваме...

- Имате одлична соработка со медиумите. Новинарите го забележуваат појавувањето на секоја Ваша книга, секое Ваше предавање или гостување. Како се чувствувате заради тоа?

Јас се навикнав да соработувам. Понекогаш тие средби се фантастични, кога ќе видите дека во новинарот имате читател, а понекогаш новинарите се однесуваат како брзи медијатори кои не треба ни да го прочитаат она што сте го напишале, ниту да знаат кој сте, туку единствената цел им е да го исполнат празниот простор во весниците. И новинарот заборава дека сте интервјуирани, а вие заборавате дека разговарате со новинар. Но, така е во сите области. Писателот, всушност, пишува за да комуницира. Не верувам во глупавите флоскули дека писателот пишува заради себеси. Основата на целата уметничка работа е во комуникацијата, го барате идеалниот читател кому му упатувате нешто и тој совршено го разбира тоа. И потоа, кога после долга осаменост, зашто пишувањето е осаменичка работа, ќе излезете во таканаречениот свет со своја книга, тогаш сите ние, писателите, го очекуваме токму тоа – комуникација, причината поради која воопшто сте пишувале. И затоа јас се навикнав еден дел од мене да биде во улога на некаков едукатор. Исто така, не верувам во писателската флоскула „јас само ја напишав книгата, а на читателите и на критичарите им останува да ја оценат“. Тоа не е вистина. Јас не пишувам бесвесно. И сакам тука да настапам во улога на сопствен медијатор зашто мислам дека тоа многу често, и сè почесто, е потребно.

- Главниот експонент на Вашата прва изложба е букварот. Со помош на таа прва книга во нашето образование зборувате за идеолошката манипулација некогаш и сега. Ако таквата манипулација е присутна со децении наназад, дали барем, целите се разликуваат?

О да, се разликуваат. Оваа изложба всушност потекна од мојот есеј Буквар од 1991 година, кој се наоѓа во книгата Култура на лагите. Тоа мое тогашно повторно откритие на букварот се совпадна со почетокот на војната и распадот на Југославија. Како што системот се распадна, се распадна и букварот па се испотепаа сите тие Јовановци, Ивани, Хрвои и Џафери од неа. Тогашното прегледување на букварот беше еден силен носталгичен удар од свеста дека целиот систем се распаѓа. Го заборавив тоа, сè до лани, кога во рацете ми падна еден друг буквар, и тоа советски, од шеесеттите години. Тој повторно ми откри еден целосно исчезнат свет, ме предизвика да почнам да правам нешто со сопствените раце. Постапката која ја применив на оваа изложба е соодветна за некој вид мала приватна археологија, симнување и покривање на слоевите: паусот на сликите нешто открива и нешто крие, има некои прозорци, некои детали кои сакам да ги истакнам... Мислам дека ќе ја продолжам таа игра со букварите. Мислам дека тие, рамноправно како и целиот друг материјал кој нè опкружува, создаваат некои наши пејзажи кои заслужуваат повторно читање, наши природни мали ревизии на некој нов поглед на минатото. А што се однесува до идеологијата, таа насекаде е присутна. Претпоставувам дека овие нови буквари се поидеологизирани од порано. Во нив има веронаука, па би можело да се заклучи дека во нашите училишта веронауката не е изборен предмет како што официјално се тврди. Ако се земе предвид дека се наоѓа во буквар, тоа значи дека е задолжителен предмет, што понатаму зборува дека букварот е идеологизиран.

- Со изложбата и новите есеи укажувате на технологизираната култура. Дали ја сметате за негативна?

Не, јас едноставно се обидувам да најдам некои упоришни точки, зашто очигледно станува збор за систем на една нова култура, а речиси никој не се занимава со новата култура која се појавува. Во есејот КК караокето го употребив како метафора зашто е многу едноставна и разбирлива за сите. Системот и темелот на таа нова култура се состои од матрица која веќе постои како песна и како аматер кој ја изведува. Тоа е човек кој сака да остане анонимен, човекот кој својот перформанс, или гест, го изведува во рамки на строгите технолошки и содржински координати, тоа е таа матрица, и во неа тој ја испраќа својата порака – на љубителите на караокето. Овој образец се обидував да го испитам врз популарните култури: телевизијата, стриповите, филмот, книжевноста, насекаде. Испадна дека моделот функционира сè повеќе. Значи во традиционалната формула: автор – дело – читател, прво фокусот беше на авторот, потоа на делото, а потоа бавно се префрли на реципиентот, на оној што делото го чита, за во моментот кога интернетот влезе во употреба, а тоа се случи пред само петнаесетина години, да дојде до нагол бум и нагло преземање на власта од страна на консументите. Тој веќе не е пасивен, многу е активен, тој ги менува нештата, бара, тој продира во делото, го менува, прави што сака, тој продира на ТВ, тој е глумец и продуцент – пример ви е шоуто Биг брадер – тој е, како во караокето, сам свој перформер, и сам ја испраќа својата песна, својот перформанс, на своите гледачи. Тоа се случува во сè, од невиниот графит на некоја куќа во која анонимно момче ја оставило својата трага, до интернетот каде што милиони луѓе го прават истото. Интернетот е најрадикална револуција на сите времиња, единствениот медиум со кој комуницирате со милиони, глобално. Имам чувство дека станува збор за радикално нова култура.

- Од Штефица Цвек до новите есеи се промени јазикот со која ја опишувате избраната тема: од иронија, зад која авторот се крие, до сè подиректно изразување на емоции, мислења, ставови...

Јас не зборувам директно, јас не сум новинар, ниту целта ми е да бидам тоа. Моите романи станаа помалку директни отколку што беа во времето на Штефица..., а во моите есеи има висок степен на литерализација. Тие го имаат таканаречениот недоверлив раскажувач и многу висок степен на иронија. Нешто, меѓутоа, се промени кај реципиентот. Имено, ако се земе предвид дека книжевноста како систем се урна, ни студентите веќе не знаат да го читаат книжевниот текст, а интернетот во тоа има некакво влијание. Просечниот консумент наводно нема време за книжевни нијанси, меѓутоа тој го има, но му се чини дека нема време зашто на таа брзина го натера интернетот, го натера на брза, скратена информација. Едноставно читателот не сака некои работи. Се плашам дека книжевноста се изгуби во морето други поттици, па читателот кој чита сè: весници, википедија, упатства за машината за перење алишта... тој веќе нема време за нијанси. Значи, не дека станав подиректна, туку вие, потсвесно, го осиромашувате мојот текст во желба што побрзо да дојдете до упатството кое копче треба да се притисне на машината за перење.

На пример, мојот есеј Напад на минибарот. Во секој хотел се штрекнуваме кога рецепционерот ќе нè праша „дали нешто зедовте од минибарот“. Јас во овој есеј се обидувам да анализирам што е всушност тоа искуство и доаѓам до заклучок дека минибарот е последниот бастион на тоталитаризмот. Сето тоа е опишано весело, и јас есејот го завршувам со сцената, секако лажам, во која самиот минибар го уништувам во гнев и дека следниот пат под него ќе поставам мина. Една новинарка ме праша дали јас во овој есеј порачувам дека мораме да се бориме против тоталитаризмот. Ете, тоа е пример за такво читање. Не сум директна, туку читателот е тој кој не го разбира ниту жанрот есеј, ниту техниките на раскажување, ниту за што станува збор во есејот: тој мојот есеј го сведува на рецепт за вклучување на машина за перење алишта. Значи, тоа веќе не е моја трагедија, тоа е трагедија на моите реципиенти. Секако, јас во една таква ситуација како авторка сум displaced. Се плашам дека борбата е изгубена... Она од што најмногу се плашам и што сакам да го избегнам е пишување со авторитативен тон. Секогаш кога пишувате во прво лице, секој од авторите порано или подоцна зазема тон на автор кој знае сè, кој суди. Затоа се разни постапки се обидувам да го детронизирам авторот – себеси.

- Важите за некоја која е храбра, која секогаш работи онака како што мисли...

Зависи како ја согледуваме храброста, мене ми се чини дека она што го направив во деведесеттите беше нормално и дека е во склад со она што го мислам, работам, и дека не се измамив себеси. Дали притоа навредив некој друг, за тоа не можам да зборувам зашто тоа не го знам. Но, ако е храброст некој да се следи себеси, ако тоа е лудило, тогаш е лудило. А ако е недостаток на чувство за компромис, тогаш наречете го тоа така.


Извор: vreme.com

Like

Like

од секогаш и серела и јадела

од секогаш и серела и јадела говна. досадна, патетична. го изгубила здивот за букварите да пишува. ја води контраштво, она е против, реминисценции на југословенството, кога беше лесно да си визиоговнарка. делува во циклуси, сега со завршен круг повторно почнува. стара баба. сега ќе сере кој кога бил автор, кога дело. книжевно елитистичко сало. такво, болно. не е интересно повеќе. не е буржујка, тоа да е јасно. сака да стане класика, затоа јаде говна.

@говнарка една. Повели -

@говнарка една. Повели - http://xkcd.com/481/

 Bravo za stripot! 1 slika =

 Bravo za stripot! 1 slika = milion zborovi

Govnarke, ke te zamolam da

Govnarke, ke te zamolam da zamines u Picku Mater, moze? Ajde, mrdaj!
 

 Дубравка Угрешиќ е авторка

 Дубравка Угрешиќ е авторка со толку јасни и свежи идеи, толку привлечна за читање и за размислување по читањето, така што мојот единствен заклучок за оние што говорат вака за неа е дека нема шанси да станува збор за ништо друго освен за неписмени идиоти.

угрешиќ не е зонтаг, ниту

угрешиќ не е зонтаг, ниту тука ова ќе биде пинг понг турнир после кој ќе стане. никогаш не била голем книжевник, сега покажува што ја води, во време на конслидирање на капиталот, време на континуирани падови и растови. во време на вмрежувањето. референца кон набоков, за вас идиоти да сватите кои се глемите, а кои малите, небитните. за каква книжевност се работи? читајте ја, уживајте во говната на бабата. тоа што ви пишува дубравка се познатите теми за мрежата, но заборава да пишува за либидото и драјверите на ВНИМАНИЕТО, пореметувањето кое ви се процесира во главите, мифки. на окно имаше еден текст за новата книжевност пред некое време. таа не беше ни родена кога хипер-реалноста се отфрли, а помина цел живот во заблуда. како и други.
баба ви.

ОкоБоли главаВицФото