Ирена Ристиќ: Се налутија што им ги заметов пикавците кај Влада!

17.09.2018 15:27
Ирена Ристиќ: Се наљутија шо им ги заметов пикавците кај Влада!

Актерката и активистка Ирена Ристиќ со полициско комбе била приведена во полициска станица „Беко“ бидејќи, како што вели, чистела догорчиња од цигари пред Влада. Ристиќ вели дека односот на полицајците бил арогантен, а три часа од приведувањето не ѝ дозволиле ниту да повика адвокат.

Како што вели актерката, пред Владата догорчиња фрлаат токму оние кои фрлањето отпад треба да го санкционираат.

„По слободна проценка, до оградата имаше од несанкционирани фрлени пикавци 54 илјади и седамсто евра у казни. Таков и толку скап тепих од пикавци имаат исткаено оние кои тоа најмалку смеат да си го дозволат. Нормално, тоа им го кажав. И така почна“, раскажува актерката во објава напишана на нејзината официјална фејсбук-страница.

„Македонија во гола кожа. Полициска станица ‘Беко’. Психијатриска болница во Бардовци. И јас. Се налутија што собирам догорчиња пред Влада. Да не бевте емотивно врзани, па ве изреметив? Едвај ги убедив дека имам право на адвокат“, напиша на социјалните мрежи актерката Ристиќ, која ова го смета за притисок врз неа.

„Ниту еден, значи, ниту еден од полицајците не се легитимираше и не се претстави, а уште помалку најде за сходно да објасни зошто сум така третирана. Се изредија десетина. И мажи и жени. Сите до еден беа груби и некултурни. Ми се обраќаа со’ма’ и ‘мори’… Гласно ме пцуеја!“, опишува Ристиќ.

Таа сведочи дека од полициската станица се обиделе да ја стават во психијатриската болница „Бардовци“, но, откако ја однеле дотаму, ја вратиле повторно во полициската станица.

Во својата објава на „Фејсбук“ актерката додава дека таа воопшто не е исплашена од целата ситуација, иако, како што вели, тоа предизвикало нервоза кај службените лица.

Ирена Ристиќ пред два месеца почна со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ во која членуваат повеќе јавни личности, но и волонтери. Тие организираат акции за чистење на различни локации на кои има смет.

„Противправно бев приведена. Не добив одговор на ниту едно од многуте прашања кои логично се наметнуваа. Зошто ме пикаат во комбе? Што згрешив? Зошто не смеам да ги метам пикавците покрај Влада? (таму не фрлаат граѓаните, туку токму оние кои фрлањето отпад треба да го санкционираат).

Ова на социјалната мрежа фејсбук го напиша актерката Ирена Ристиќ која објаснува зошто синоќа завршила во полициска станица.

„Ме пикнаа у комбето кое у секунда се створи пред Влада, ме развозуваа од Беко до Бардовци и назад и ме тормозеа као кај мене да се петте украдени милијарди и решенијата на сите нивни приватни и професионални проблеми.
Ниту еден, значи, ниту еден од полицајците не се легитимираше и не се претстави, а уште помалку најде за сходно да објасни зошто сум така третирана.
Се изредија десетина. И мажи и жени.
Сите до еден беа груби и некултурни.
Ми се обраќаа со „ма” и „мори”…
Гласно ме пцуеја!
Пичка ти матер!
Пичка ти матер!
Правеа влези-излези низ вратата барајќи чаре за „лудата” глумица!
Не попуштав под ниту еден притисок и закана!
Ги барав своите права!
Барав адвокат пред да кажам било што…
„Многу филмови гледаш…” рекоа…
Со Јанаки адвокатот исконтактирав после три саати, откако видоа дека нема шанси кај мене да им поминат методите! Камерите снимаат, рекоа!
За среќа, одговорив!
Ми даваа да потпишам празен лист…
Строгите погледи, наперченоста, износените униформи, распадната станица, неупатеноста во процедурите и импровизациите со истите, простачкото обраќање, портокаловите и љиљаковите ноктишта на полицајките, муабетчињата за мене као да не сум тука и меѓу нив и со докторот (Љ. Ј.) у Бардовци…

Има да се раскажува…

Многу беше гадно… многу!

Дали се исплашив? Не!
Дали тоа ги реметеше? Да!

Како понатаму?!

Јас останувам у борбата!
Со истата страст и посветеност!

А они?!

Немам појма, дечки! Немам појма како ќе тераат!

Ви благодарам за грижата!!!
Во текот на денот ќе одговорам на сите пораки!“
- пишува актерката Ристиќ на својот профил на Фејсбук.

МВР има сосема друга верзија на настанот. Во официјалното соопштение од МВР во кое се вели дека синоќа околу еден часот по полноќ, во близина на Владата на Република Македонија, 43-годишната актерка по потекло од Охрид, заедно со 32-годишниот В.Р. од Скопје, го нарушиле јавниот ред и мир викајќи на висок тон, со дрско и непристојно однесување.

„Двајца полициски службеници им се доближиле и ги предупредиле за нивното однесување. Во тој момент, лицата почнале да ги омаловажуваат и навредуваат полициските службеници. И.Р. и В.Р. биле приведени во Полициската станица Центар за понатамошна постапка, поради сторени прекршоци против јавниот ред и мир. Кај лицето В.Р. (32) било утврдено дека е под дејство на алкохол, по извршено алкотестирање“, се наведува во соопштението.

Како што информираат од МВР, Ристиќ одбивала да ѝ биде извршено алкотестирање и поради тоа била однесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ за да ѝ биде земена крв и урина за анализа за присуство на алкохол.

Таму, исто така, одбила да даде крв, по што била однесена во ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје, со цел добивање мислење од стручно лице врз основа на надворешните манифестации и симптоми на лицето.

По тоа, актерката била вратена во Полициската станица Центар и во 4:30 часот била ослободена.

„На В.Р. му беше извршено алкотестирање и тој потпиша записник за присуство на алкохол во крвта, по што беше ослободен во 3:35 часот“, се објаснува во соопштението.

Од полицијата соопштуваат дека против Ирена Ристиќ ќе бидат поднесени прекршочни пријави по член 4 (кој на јавно место со карање, викање или непристојно и дрско однесување го нарушува јавниот ред и мир ќе му се изрече глоба во висина од 100 до 400 евра во денарска противвредност) и член 13 (кoj омалoважува државен орган, односно омаловажува или навредува службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата ќе му се изрече глоба во висина од 600 до 800 евра во денарска противвредност. Ако службено лице од став 1 на овој член е полициски службеник на сторителот ќе му се изрече глоба 600 до 900 евра во денарска протввредност).

Социјалните мрежи се скандализирани заради приведувањето на актерката и активистка Ирена Ристиќ:

Катарина Колозова

Апсењето на Ирена Ристиќ, основачката на #НеБидиЃубре" - носење во лудница пошто секоја гневна жена е "луда" - е доказ колку овој полициски апарат е уплашен од автентичните мобилизатори (меѓу нив особено комплетно неспособните и мрзливи трупови од цивилниот сектор кои некогаш паразитираа на вистинските движења). Движењето на Ирена има капацитети и масовност на пленумите. Ја разобличува скандалозната мрза на локалните власти. Е вакви обиди нема да ви поминат. Не се понашајте путинистички за џабе - не ве прима у друштво, а друштвото накај кое сте се упатиле нејќе вакви ко вас. Сево ова го бележи некој и ќе ви никне ко чир во некој извештај, ко печурки ќе никнуваат вакви извештаи - тоа е извесно веќе. Така падна Грујо, да ве потсетам.

Билјана Младеновска

Камчев е во ред, супер човек, ама Ирена Ристиќ да ти била зло.

Зоран Стојковски

И јас сум ЗА, да одговораат тие кои и направиле драма на граѓанската активистка Irena Ristic приведувајќи ја и малтретирајќи ја вчера вечер после организирањето на веќе традиционалната акција на чистење на смет на јавните површини (вчера близу владата) во текот на викендите. Очигледно е дека во Македонија продолжува чудесната леснотија некој од позиција на моќ/држава да ти го заебе животот, без око да му трепне.
Ова заслужува силна граѓанска реакција и барање одговорност од копитата кои го направиле ова!

Слични содржини

Активизам / Став / Живот
Активизам / Став / Живот
Активизам / Графички Дизајн / Живот / Уметност
Општество / Живот
Книжевност / Живот

ОкоБоли главаВицФото