Мајчин јазик

17.09.2018 18:25

Како дете мајка ми не зборувала на јазикот
на својата мајка, туку на јазикот на оние кои ја убиле.
Дури и се смеела, се надевала и тажела во јазикот на убијците.
Упаѓале средноќ, со црни бради и остри ножеви
И си ја присвојувале куќата.

Мајка ми никогаш до крај не ги кажува пследните нешта,
се плаши да зборува за нив.
Дури и панталоните, таа преодна работа, ми ги скрои
во јазикот, измерен според некој друг
(затоа моите панталони се навидум бесконечни:
а всушност секогаш претесни, предолги, погрешен крој).

И така јас, ќерка ѝ, сум присилена да голтам туѓи јазици,
да перам леб во туѓина и на туѓинци да им печам алишта.
За да сум чиста и сита, мора да сум гладна и гола.
За да сум гола и гола, мора да сум поставена пред ѕид,
да се удрам од бескрајниот факт на бетонот.

Затруениот јазик го шири својот тивок и таен живот:
го чувам во лебни трошки, го пробувам во скинати конци,
џвакам дупки во ткаенината,
таа жилава, груба обемност, таа жива смеса од прав и вода –
го сознавам кога другото и своето до крај се мешаат,
кога не знам повеќе која сум
ако сум воопшто некоја –
и сите сме роднини, толку сами,
без граници за она што низ вратата
продира во јазикот -
а кој, ако воошто некој,
да му ги земе
(а како да му ги одземе)
ножевите и трагите од ужасот?

Мајка ми што ја нема повеќе, тогаш го отвора јазикот.
Лиже крв и измет од младенчиња.
ги тенчи срцевите комори и ги цели стомачните рани,
ѕидови топи, и врати и прозорци.
Рапавиот мускул нежно ги буди:
оние што цело време кенкаат
и оние, што однатре се соѕидани во сонот.

Превод: Лидија Димковска 

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото