10 чекори или лекција како да НЕ зборувате на прес-конференции

18.09.2018 01:30
10 чекори или лекција како да НЕ зборувате на прес-конференции

1. Од реторички аспект - Вашиот говор НЕ треба да содржи небулозни и неповрзани искази кои се користат како аргументации

2. Најмалку треба да содржи жалби и поплаки или описи кои немаат улога на факти и информации, туку функција на предизвикување емпатија и повик за правдина и фер.

3. Напротив, Вие треба да ги изнесете сите факти и аргументи со кои ќе предизвикате емпатија, но никако сами да го носите тој заклучок. Јавноста носи заклучок. Вие само презентирате.

4. Слушателот сака да слушне она што е важно за него и како таа содржина ќе се одрази врз неговиот живот. Оти пак поимот „прес-конференција“ значи дека Вие имате нешто важно да соопштите во јавноста.

5. Исто така, прес -значи и дека сте подготвени да одговарате на прашања и да давате одговори. Тоа е дефиниција на прес-конференција.

6. Внимавајте #ЈавниотИнтерес да биде на повисоко ниво отколку Вашиот личен интерес при презентација на содржината.

7. Вашите пораки треба да се јасни и концизни. Говор полн пораки кои немаат суштинско значење за интерес на државата и јавен интерес се смета дека е од промотивен карактер.

8. Говор полн со индиректни закани и презентација на туѓи чувства не се смета за говор, и нема никаква вредност во реторичка смисла, кога сакате да убедите некого. Вие не можете да знаете сите тие како се чувствуваат и тоа Ви паѓа во вода како аргументација. Добри аргументи се сметаат оние факти кои се добро познати за сите (види подолу).

9. Патос и патетика не се користат во структурирани говори наменети за теми за судство и правда. Таму нема патос, има само добра аргументација.

10. Добро е да си ја прочитате „Панонски легенди“ - таму е многу убаво претставена аргументацијата преку прашање и прашање - наместо одговор. Ќе видите како Кирил и Методиј со мудро поставување на прашања со добро познати факти за сите од типот: "Зарем сонцето не не' грее еднакво сите?“ успеале да ја одбранат словенската писменост пред Папата.