Песна за Виолета Пара

18.09.2018 17:07

Y el canto de ustedes que es el mismo canto,
Y el canto de todos que es mi propio canto.
(Виолета Пара)

Никаква интимна песна не може повеќе да се напише.
Само песна за внатрешните органи на згазената мачка
чија крв лази од крзненото ќесе,
сосе бубрезите и срцето во обвивка од маст.

Песна чија кожа е побела и поранлива
од кожата со исеченица на ткиво со рак на грбот.
Песна што од раната извлекува проголтани зборови,
зборови со тап раб, и ги отвора да дишат.

Песна што е како средба на оние кои одат по работ
на ноќта и знаат дека стравот бега во удар
ако го оттурнеш
и станува љубов, ако го раскинеш.

Тоа овде е вистински избор, ништо несвесно
не ја оправдува, не ја води.
Мојата најинтимна песна живее меѓу луѓето,
мојата најинтимна песна ги топи прангите на нештата.

Понекогаш сакам да ја заборавам, понекогаш да ја згазам.
Но не е можно да се згази, не е можно да се заборави.
Ни птицата, ни воздухот, ни пејзажот: ништо од тоа не сум –
патувам органски, низ вени, и нагло го врзувам кислородот,
за да опфатам сѐ што може да не раздели.

Превод: Лидија Димковска 

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото