Почина познатиот француски филозоф Пол Вирилио

18.09.2018 19:23
Почина познатиот француски филозоф Пол Вирилио

На 86 - годишна возраст, на 10 септември почина Пол Вирилио, француски и светски филозоф и теоретичар. 

Според неговата желба тој бил погребан вчера (17 септември) во присуство на најтесното семејство, како што соопшти денеска неговата ќерка, Софи Вирилио, а пренесе „Франс прес“.

Се занимаваша со теоријата на културата, урбанизмот и со естетика. Најпознат е по своите текстови за развојот на технологијата во однос на брзината и моќта, со различни референци на архитектурата, уметноста, градот и војската.

Според неговите современици Вирилио е „историчар на војувањето, технологијата и фотографијата, филозоф на архитектурата, воената стратегија и на филмот. Политички ангажиран провокативен коментатор на односите меѓу историјата, тероризмот, масовните медиуми и релацијата човек - машина. 

Во седумдесеттите години, тој ја развива теоријата за брзината како основен фактор на социјалната организација и политичката контрола. Во осумдсеттите години тој почнал да се занимава со заштитата на правата на бездомните.

Животот и делата на Пол Вирилио се одликуваат со слободна и визионерска мисла. „Неколку дена пред неговата смрт, тој работеше со Жак Арно на подготовката на  книгата за својот поранешен ученик, архитектот Hala Wardé, како и нова изложба во Фондацијата Картие“, рече неговата ќерка. 

Извор: Le Monde

ОкоБоли главаВицФото